НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На крадецот на муралот на Бенкси во Украина му се заканува 12 години затвор

0
By Ана Василевска on January 3, 2023 ВОЈНА ВО УКРАИНА
Муралот на Бенкси
Муралот на Бенкси
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Главното обвинителство во Киев покрена постапка против крадецот на муралот на Бенкси и нему му се заканува затворска казна до 12 години.

Маж, заедно со неколку помагачи, на почетокот на декември го отстранија графитот на британскиот уличен уметник од ѕид во киевското предградие Хостомел. Групата отсекла дел од уметничкото дело и гипс од фасадата на којашто беше насликана жена со гас-маска. Според официјалните лица, кривичната постапка е насочена исклучиво против мажот за кражба извршена во воена состојба. Тамошни жители ја забележале кражбата и повикале полиција.

„Тој е свесен за вредноста на делото и имал намера да го продаде графитот и да располага со приходите како што сака“, соопшти Канцеларијата на главниот обвинител. – „За да го направи тоа побарал помош од луѓе кои не биле свесни за неговите намери и ги убедил дека ги има сите потребни дозволи за да го демонтира муралот“, додаваат оттаму.

Во ноември осамнаа неколку нови уметнички дела на Бенкси, кој сe уште го крие својот идентитет, во предградијата на Киев погодени од војната, како и во самата украинска престолнина.

„Украдениот материјал е одземен од надлежните, а за неговата судбина натаму ќе одлучува Министерството за култура. Деловите не се оштетени, а се во заштита на полицијата“, изјави гувернерот на Киевската Област, Олексиј Кулеба, на комуникациската платформа Телеграм.

Анонимниот британски уличен уметник откри дека создал 50 уметнички дела што ќе одат на продажба, а приходите ќе бидат наменети за хуманитарна организација за помош на Украина.

Војна во Украина Крадец на мурал Муралот на Бенкси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.