Најмалку 100.000 граѓани низ цела Ирска вчера протестирале поради новите повисоки сметки за вода кои ги добиле за месец октомври, пренесуваат медиумите.
Ова се најголеми демонстрации од 2008 кога почнала да се зголемува цената на водата предизвикана од финансиската криза во земјата.
Зголемената цена на водата е мерка која е предложена од експертите на ЕУ и ММФ за да може земјата да го намали буџетскиот дефицит.
Сметките за вода кои важат од први октомври би требало да изнесуваат 278 евра годишно по домаќинство, а десетици илјади граѓани не се согласуваат и одбиваат да ги платат.
Поради честите дождови во Ирска во некои делови од земјата водата не се наплатувала.