Откако НОВА ја објави сторијата дека во Куманово букна опасната бактерија легионела, екипи на Институтот за јавно здравје биле на терен и констатирале состојбата со заразените не е загрижувачка и не кореспондира со констатацијата за зголемен број на случаи со легионелоза.
Во денешното соопштение на Институтот се вели: Треба да се има во предвид дека тестовите за докажување на легионелозата и мукоплазмата се брзи и ориентациски, а не конечни. За нивна конечна потврда потребни се дополнителни испитувања што се вршат во референтни лаборатории.
Од таму велат дека за последните два месеца имало осум заболени со легионела и ниту еден од наведените случаи од Куманово не бил пратен за дополнителна испитување во Скопје.
Само пред три дена од Институтот за јавно здравје во дописот до НОВА пуштија информација дека од 24 заболени – 22-ца се од Куманово.
Во видеото погледнете ја изјавата на инфектологот Азиз Бајрами кој тврди дека повеќе сомнителни случаи испратил на анализа во Скопје.