Шефот на мисијата на ОН во борбата против смртоносниот вирус ебола во Западна Африка, вели немаат доволно ресурси за да го победат вирусот.
Тони Бенбјури повика на итна помош и покрај придонесите од Британија, Кина, Куба и САД. Изрази надеж дека наскоро ќе има околу 70 отсто расположливи ресурси доколку се појават нови случаи.
Според Светската здравствена организација бројките за вкупниот број на жртви изнесува 4.818. Најпогодените земји се Либерија, Сиера Леоне и Гвинеа.
Лидерите на земјите од Западна Африка денеска ќе се сретнат во Гана со цел да се координираат како ќе одговорат на кризата.
Бројки кои фигурираат бидејќи веројатно е некои смртни случаи да се последица од претходна инфектираност
Во главниот град на Либерија, Монровиа, бројката на заболени е намалена но затоа на други места има „значителен пораст“. Бенбјури вели сеуште има загрозени луѓе и села.
– Се уште не сме постигнале ништо. Се уште има луѓе, села и градови кои не добиваат никаква помош и немаме капацитет да одговориме на терен, изјави за Би-Би-Си Бенбјури.
Центри за лекување отворени од меѓународната заедница
Американските претставници соопштија дека претседател Барак Обама од Конгресот ќе побара 6.2 милијарди долари за борба против еболата во Западна Африка, и со цел да се запре ширењето на болеста во САД.
Барањето на Обама доаѓа по извештајот на СЗО во кои се вели дека има вкупно 13.042 случаи на ебола а 4.818 смртни случаи како последица на вирусот.