ЛГБТИ заедницата и група активисти попладнево пред Јавното обвинителство на Република Македонија преку получасовен протест го покажаа револтот од непреземањето на никаква активност од страна на надлежните во врска со нападите врз припадниците на оваа заедница.
Претставниците на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата изјавија дека протестот ќе се одржува секој четврток во исто време и со иста цел: решавање на сите случаи на нападите врз ЛГБТИ заедницата. Во продолжение, погледнете ги фотографиите од настанот.