На телефонската линија Ало докторе лекарите даваат совети и симптоматска терапија, не поставуваат дијагноза. Вака одговорија од тимот на Ало докторе, на прашање на НОВА, дали постои ризик за пациентите кога се советуваат и земаат терапија на невидено, без меѓусебен контакт.
-Лекарите советуваат и даваат симптоматска терапија, на пример ако некој го боли главата му се препорачува да се напие парацетамол или друга таблета за главоболка, не поставуваме дијагноза, изјави Татјана Баевска Вучковиќ , од тимот на Ало докторе.
Но, не одговори што ќе се случи доколку лицето има алегија на парацетамол или други лекови, а тоа не го знае бидејќи и овие лесно достапни лекови можат да предизвикаат несакани ефекти.
Лекарите во пракса не сакаат да даваат терапија и совети без да го видат пациентот, па затоа често негодуваат на ваквиот тип советувања.
Совети за бремените жени се даваат и преку Фејзбук страната која ја отвори Министертсвото за здравство. Директорката на Клиниката за гинекологија која беше прва на дежурниот телефон рече дека пациентките се преставувале само со име така што и доколку некој ја пробие страната нема да се знае за кого се работи.
На телефонската линија Ало докторе досега се обратиле 8000 граѓани и според снимките кои ги преслушале од тимот, сите биле презадоволни од советите.