Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љупчо Крстевски: Времето поминато во К-15 е најубавиот период од мојот живот

0
By Нова ТВ on November 8, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 8, 2014 13:35

Љупчо Крстевски е млад битолчанец, кој како и многумина од неговата генерација растел со скечовите на култната хумористична емисија К-15. Од ноември 2010 па до почетокот на 2012 година, Љупчо и самиот беше дел од најгледаното домашно ТВ шоу на сите времиња. Со дипломираниот менаџер за организација кој извесно време работи како келнер во една од битолските кафетерии, разговаравме за времето поминато во К-15, за перспективата на младите во државата и за неговиот „американски филм“

НОВА: Кој беше твојот мотив да се пријавиш на аудицијата за К-15? Се надеваше ли дека ќе ја добиеш шансата да застанеш рамо до рамо со Цацко, Миле и Тошо?

Иако никогаш претходно сум немал искуство со глумата, тоа што пораснав со скечовите на К-15 беше главниот мотив и предизвик да се пријавам на аудицијата. Конкуренцијата навистина беше огромна. Пријавени беа повеќе од 400 кандидати и сите се надеваа дека ќе влезат во најтесниот круг, дека ќе бидат меѓу избраните. Уште од самиот старт имав претчувство дека ќе ме изберат. Мислам дека го покажав точно она што тие сакаа да го слушнат и да го видат.

НОВА: Како изгледаа тие 16-17 месеци со друштвото од К-15?

Многу убаво. Прекрасно. Како мои претпоставени, ако можам така да ги наречам, Љупчо, Бранко и Васко имаа супер коректен однос кон мене. Имавме одлична меѓусебна комуникација и разбирање. Времето поминато со нив е најубавиот период од мојот живот. Сигурен сум дека никогаш повеќе нема да сретнам ниту такви „газди“, ниту такви луѓе.

НОВА: Имаше ли ти слобода да ја прикажеш својата креативност? Беа ли прифатени твоите идеи како треба да изгледаат одредени скечеви?

Да, да. Апсолутно. Всушност, тоа е тоа што од мене и се бараше. Колку што можам повеќе да внесам нешто свое, нешто оригинално по што ќе се разликувам од другите и по што ќе бидам препознатлив.

НОВА: Беше директен сведок на она што се случуваше со К-15, на индиректните притисоци и ниските удари кои ги добиваше од страна. Веруваше ли дека тоа може да биде причина шоуто да згасне?

Не мислев дека ќе дојде до ова, оти К-15 беше институција. Не верувам дека повторно некогаш ќе се состави еден таков тим, дека ќе има таква гледаност и поддршка од народот како што имаше К-15.

НОВА: Како ти лично го доживеа крајот?

Тешко е кога гледате дека се случува нешто лошо кое не можете да го смените. Што можев да направам јас во таа ситуација? Ништо! Знам дека тројцата, и Љупчо, и Бранко, и Васко, се борци и знам дека направија сѐ емисијата да продолжи да живее. Очигледно дека тоа не беше доволно, бидејќи се случуваа работи на кои тие не можеа да влијаат.

НОВА: Кога еден млад човек на 23 годишна возраст ќе стане популарна личност во пошироки рамки, веројатно дека неговите очекувања не се премногу рационални. Каде ти, во тоа време, се гледаше себеси по 10, 20 години?

Уште кога имав 18 години, мојата иднина ја замислував малку нереално. Мислев дека ќе се запишам на факултет, ќе завршам на време и дека после тоа веднаш ќе се вработам. Јас, всушност, живеев во некој американски филм! А за К-15, воопшто и не помислував дека тоа еден ден ќе престане. Напротив, мислев дека сѐ ќе биде ОК и дека работата ќе си тече нормално. Така и се гледав себеси понатаму. Јас немав поставено некоја граница дека до „тогаш и тогаш“ ќе бидам таму. Планот беше, сѐ додека има интерес за емисијата, да работам. А интерес имаше. Има и сега.


Љупчо со Бранко Огњановски

НОВА: Иако, како што велиш, не размислуваше за крајот и за тоа што ќе се случува потоа, крајот сепак дојде. Што е тоа што дојде после К-15?

Дојде факултетот. На Славјанскиот универзитет, тука во Битола, го завршив факултетот кој почнав да го студирам во 2009 година, а кој поради ангажманот во К-15 го запоставив. Официјално, сега сум дипломиран менаџер на организација.

НОВА: И сега, како и сите млади кои дипломирале на некој од многубројните факултети, веројатно очекуваш дека за скоро време ќе најдеш вработување?

Како дипломиран менаџер? Нема шанси! Единствено татко ми да отвори некоја фирма и таму да менаџирам! Не само што нема работа за она за што сум учел и што сум завршил, туку нема никаква работа. Пред да почнам да работам како келнер, отидов во една друга кафетерија да побарам работа како шанкер. Газдата немаше време ниту да ме сослуша за што сум дојден. Со луѓе бил, не можел да издвои време за мене. Јас сум реален и знам дека тешко се доаѓа до работа, но не се согласувам со тоа дека, како што велат некои, имало работа ама ние, младите, не сме сакале да работиме. Не, има млади кои сакаат да работат, ама работа нема.

НОВА: Многу рано постигна нешто за што многумина сонуваа. Се смени ли односот на луѓето кон тебе откако заврши приказната со К-15?

Популарноста носи многу работи, и позитивни и негативни. Кога си на медиум луѓето поинаку те доживуваат. Имаше „другари“ за кои мислев дека ми се другари. Додека траеше популарноста на емисијата, траеше и нивната дружба со мене. Штом таа заврши, престана и „другарството“. Ама тоа е цената која сите медиумски личности порано или подоцна ја плаќаат.

НОВА: Како денес изгледа твоето секојдневие?

Фала му на Господ, откако почнав да работам, денот ми е некако исполнет. Инаку претходно, денот ми почнуваше околу пладне. Доручек, интернет, во чаршија на кафе, дома на ручек, малку одмор и вечерта пак во чаршија. И така секој ден, едно те исто.

НОВА: Те правеше ли таквото „безделничење“ нервозен?

Уф, и тоа како! Деновите врвеа, секој ден се чувствував сѐ повеќе бескорисен. Не сум во години кога треба да чекам пари од дома, ама условите беа такви, не можев ништо да сторам. Тоа ми беше доста тежок период од животот.

НОВА: Претпоставувам дека не се гледаш уште долго како келнер во некоја од битолските кафетерии?

Не, никако. Иднината повеќе не ја гледам тука. Се гледам некаде во Европа, надвор одавде. Сѐ уште не знам каде конкретно, но за брзо време ќе мора малку поинтензивно да размислувам на таа тема.

НОВА: Имаш девојка со која сте подолго време заедно. Се совпаѓаат ли вашите планови за градењето заедничка иднина?

Да, имам девојка со која сме 3 години во врска. На тој план стојам одлично, бидејќи во таа година и пол после К-15 која тешко ја преживеав, освен семејството, таа ми беше единствената поткрепа и светла точка. И нејзините размислувања се идентични како и моите: иднината ја планираме заедно, надвор од Македонија.

НОВА: Значи и вие ќе ѝ се придружите на огромната армија на млади луѓе кои секојдневно заминуваат од државава?

Така е. Факт е дека младите заминуваат во сѐ поголем број. Колку само мои пријатели заминале во изминативе неколку години!? Во САД, Австралија, Канада, во европските земји… Секој си го бара чарето.

НОВА: Се надеваш ли дека еден убав ден ќе те разбуди телефонски повик со порака да заминеш на снимање во Скопје?

Надежта е моето сѐ! Надежта за К-15 е мојата најголема желба, но во сегашни услови таа не е блиска со реалноста. Реалноста е тоа што сум сега и тоа што во моментов го живеам.

НОВА: Може ли сепак, на крајот, твојот „американски сон“ да испадне јаве, па на крајот да завршиш во Америка?

Ха-ха-ха! Немам ништо против, тоа би било убаво!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.