Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Замената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе чини од 1 400 до 1 500 денари

0
By Соња Крамарска on February 3, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 3, 2023 10:21

За замена на регистарските таблички на возилата со нови со ознаката НМК, граѓаните ќе плаќаат од 1 400 до 1 500 денари. Од нив, 200 денари се за нова сообраќајна дозвола, а 1 200 или 1 300 чинат новите таблички во зависност од нивната форма.

Сопствениците на возила што имаат таблички со ознаката МК мора да ги заменат со нови заклучно со 12 февруари 2024 година.

„Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблички во овластени станици за технички преглед каде што врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблички и од страна на референтот на МВР се издаваат нова сообраќајна дозвола и нови регистарски таблички на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблички е од 1 200 до 1 300 денари, во зависност од обликот на регистарската таблица“, информираат од МВР.

За да се направи промената, сопственикот мора на шалтер да приложи лична карта (ако е фирма тогаш тековна состојба од Централниот регистар), сообраќајна дозвола и старите таблички. Уплатата, пак, може да ја направи во банка или преку ПОС-терминал на самото место.

Според Законот за возила, ако некое возило е во сообраќај со поинакви регистарски таблички од пропишаните, предвидена е казна од 100 евра.

Обврската за промена на табличките со новата ознака НМК ја наметнува членот 25 од Законот за возила и членот 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот за издавање таблички.

Законските измени за промена на ознаката на табличките дојдоа како резултат на Преспанскиот договор што земјава во потпиша со Грција во јуни 2018 година.

промена регистерски таблички цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.