НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Tor Auf!“ – улогата на Берлинскиот ѕид во историјата

0
By Нова ТВ on November 9, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од најмоќните и траен симбол на Студената војна, започна со изградба на 13 август 1961 година, кога комунистичката влада на Германската Демократска Република (Источна Германија) ја нижеше бодликавата жица на парче бетон, познато како „Antifascistischer Schutzwall“ или „антифашистички бедем“ меѓу Источен и Западен Берлин.

До денес во историјата е запишано дека официјално целта на Берлинскиот ѕид беше да се задржат западните „фашисти“ да не влезат во Источна Германија. До 9 ноември 1989 година, успешно и служеше на целта, кога лидерот на источногерманската Комунистичка партија објави дека граѓаните на ГДР може да ја преминат границата кога сакаат.

>> Берлински ѕид речиси секаде во светот

Таа ноќ, народот масовно го преплави ѕидот. Некои своеволно преминуваа во Западен Берлин, други со чекани го рушеа за нив неподносливото парче бетон.

Избегната војна од нуклеарни размери поради желбата да се присуствува на опера

22 октомври 1961 година, една караница помеѓу чувар на источногерманската граница и официјален американски претставник кој се упатувал кон Опера во Источен Берлин за малку ќе доведел до, како што опишуваат очевидците, нуклеарен еквивалент на пресметките од Дивиот Запад.

Тој ден, американските (Западна Германија) и советските (Источна Германија) тенкови 16 часа биле во конфронтација на контролниот пункт Чарли.

Инаку, поделеноста на Берлин на четири субјекти датира од јуни 1945 година. Источниот дел од земјата кон крајот на Втората светска војна му припадна на Советскиот сојуз додека западниот дел на САД, Велика Британија и Франција. Сепак еден Западен Берлин – капиталистички град во комунистичка Источна Германија, како што опиша советскиот лидер Никита Хрушчов, бил како „коска во грлото на СССР“. Обидите на Русите да ги остранат од градот Западњаците, завршуваат релативно мирно дури во 1949 година.

По една декада на релативен мир, историјата вели тензиите почнале да се засилуваат во 1958 година. Советите самоуверени до успешното лансирање на сателитот Спутник и поразени од бескрајните бранови на пребегувања од исток кон запад (3 милиони во тоа време, многу од нив агилни лекари, наставници, инжинери), почнале со закани, на кои Западњаците успешно се противеле. Многу собири, конференции и преговори завршиле неуспешно, а во меѓувреме од јуни 1961 година до август речиси 70.000 луѓе „си го отворија“ патот кон Западен Берлин.

Top Auf!

На 9 ноември 1989 година, кога Студената војна почна полека да се топи низ Источна Европа, портпаролот на Комунистичката партија во Источен Берлин најави промена во односите со Западот . Со почеток од полноќ, рече тој, граѓаните на ГДР се слободни да ги преминат границите на земјата.

Источен и Западен Берлин пиејќи пиво и извикувајќи „Тоr auf!“ („Отвори ја вратата!“) ја прославија веста. Истиот викенд, над 2 милиони луѓе од Источен Берлин влегле во Западен, а во еден новинарски напис тоа се опишува како „најголемата улична забава во историјата“. Рачно и со механизација, луѓето сами го создаваа моментот денес познат како „Падот на Берлинскиот ѕид“.

Официјално, обединувањето на Источна и Западна Германија е потпишано на 3 октомври 1990, година по фамозниот пад на парчето бетон.

Херојот кој ги отвори границите и заплака

Харалд Јагер, полковникот кој ја даде наредбата за отворање на границите, пред да ја донесе одлуката потрошил неколку часа размислувајќи што да прави со 20.000 луѓе кои стоеле на преминот барајќи да се отворат границите.

За Ројтерс раскажува дека кога веќе му било доста од исмејување, наредил 46 вооружени чувари да се тргнат и да ги отворат границите. Плачел, за како што вели, му паднал камен од срце што се завршило без насилство, и затоа што во најтешката одлука во својот живот бил оставен на цедило од своите надредени. Плачел и што му се рушил идеалот во кој верувал цел живот.

– Мојот свет се рушеше бидејќи чувствував како мојата партија и надредените ме оставија сам, раскажува Јагер. Бев длабоко разочаран а чувствував и олеснување што се заврши мирно. Мислев дека можеше да биде и поинаку.

Сепак вели, бил среќен за жителите на Источна Германија кои го добиле она што го посакувале.

Човекот кој ја даде наредбата, и речиси ја заврши Студената војна, вели сфатил подоцна во неговиот живот зошто оние пред кои одговара, иако ги побарал 7-8 пати пред да се донесе одлуката, не сакале да му дадат наредба.

– Затоа што се случи она што не требаше да се случи, објаснува полковникот. Берлинскиот ѕид падна пред идејата за целосна комунистичка Германија.

извор: „Гардијан“, „Ројтерс“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.