НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ не прави притисок за уставните измени со 100-те милиони евра кои ги дава на Северна Македонија 

0
By Соња Крамарска on February 9, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со макрофинансиската помош до 100 милиони евра, Европската комисија стои до Северна Македонија ублажувајќи ги последиците од руската агресија врз Украина, поврзани со снабдувањето со електрична енергија и економските импликации од истата и нема никаков притисок од ЕУ за уставните измени со помошта која ја даваат на Северна Македонија бидејќи уставните измени се наша обврска која сме ја презеле со прифаќањето на францускиот предлог и која произлегува од преговарачката рамка, велат од Секретаријатот за европски прашања за ЦИВИЛ Медиа.

„Ова не е прв пат во време на криза да добиеме помош од Европската Унија. Секогаш ЕУ го правела тоа за нас и била со нас во тешки времиња. И тоа ја прави наш докажан пријател кој ја гледа Северна Македонија како кредибилен партнер и идна членка на големото европско семејство“, велат од СЕП.

Според нив предложената помош од ЕУ ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи.

Реформите ќе се однесуваат на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупцијата. Ова директно помага во реализацијата на реформите кои несомнено ќе на приближат земјата кон членство во ЕУ, велат тие.

„Не треба да ја заборавиме солидарноста на ЕУ кон нејзините партнери кога се соочуваа со сериозни проблеми и поддршката на ефективни политики во време на криза без преседан, како справувањето со пандемијата на коронавирусот. Со пакет мерките на ЕУ, 160 милиони евра беа обезбедени за нашата земја, за да ѝ се помогне да ги намали економските последици од пандемијата на коронавирус. Како информација првата рата од 80 милиони евра беше исплатена во октомври 2020 година. Втората рата од 80 милиони евра беше исплатена во јуни 2021 година, по позитивната оценка од Комисијата за напредокот постигнат во однос на исполнувањето на условите на политиката поврзани со оваа помош“, се вели во одговорот на СЕП.

Предлогот за помош на Северна Македонија, кој ја придружува 24-месечната програма за поддршка склучена со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) до 530 милиони евра, ќе дојде во форма на заеми, кои ќе се исплатат во две транши.

Соња Танеска за Цивил Медиа

Помош од ЕУ за РСМ СЕП уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.