Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БиХ ќе го лансира првиот сателит во вселената, регионот на Западен Балкан ќе влезе во мапата на развој на светската вселенска програма

0
By Ана Василевска on February 20, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 20, 2023 14:44

Босна и Херцеговина до крајот на првата половина од годинава треба да го лансира својот прв сателит во орбитата.

Станува збор за сателит кој е подарок од Индиската вселенска агенција за Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа (SESA), која освен БиХ ги вклучува и Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Хрватска.

„Тие ни го дадоа тој сателит по повод 75-годишнината од независноста на Индија. Тогаш планираат да лансираат 75 сателити, поточно три ракети со по 25 сателити, меѓу кои ќе биде и нашиот“, вели Анес Хаџиомеровиќ од Центарот за едукација, роботика, иновации и технологија (ЦЕРИТ) во Мостар.

Ракетата што ќе го носи првиот сателит во вселената од ова подрачје требаше да биде лансирана на крајот на минатата година, но поради одредени проблеми беше одложено.

„Сега со нетрпение го чекаме ова. Еден колега од Нови Сад беше на состанок со колеги од Индија, а за еден месец повторно треба да одат во Индија. Тогаш ќе ги дознаеме завршните детали“, изјави Хаџиомеровиќ во интервју за „Независне“.

На овој начин регионот на Западен Балкан ќе влезе во мапата на развој на светската вселенска програма, но сепак, како што истакнува Хаџиомеровиќ, овој регион е далеку од најбогатите земји во светот, првенствено по прашањето за парите кои се вложуваат во развојот на технологии неопходни за освојување и искористување на вселената.

„Вселенската програма не е само одење на луѓето во вселената. Има многу други работи. Тоа е корисно за економијата, нови работни места, просперитет“, вели Хаџиомеровиќ, додавајќи дека една од клучните придобивки е работата на едукација на кадрите пред се децата и младите, кои покажаа голем интерес за проекти од оваа област.

Значајно е да се каже дека ЦЕРИТ ќе претседава со оваа организација во следните четири години, бидејќи Управниот одбор на Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа одреди дека седиштето ќе биде во Босна и Херцеговина.

Инаку, Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа ја сочинуваат ЦЕРИТ – Центар за образование и роботика, иновации и технологија од Мостар (БиХ), Комитетот за развој на вселенската програма од Нови Сад (Србија), Вселенски истражувања од Подгорица (Црна Гора), Јадранската асоцијација за воздухопловство од Загреб (Хрватска) и Центарот за иновации и технолошки развој NAVIA од Скопје (Северна Македонија).

Босна и Херцеговина нови технологии Сателити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.