Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифоска денеска беа сослушани во Обвинителството

0
By Соња Крамарска on March 3, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 3, 2023 16:48

Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, денеска беа сослушани во Обвинителството во врска со поведената дисциплинска постапка против нив.

„Комисијата денеска одржа седница на која беа сослушани трите јавни обвинителки, кои дадоа свои искази и беа изведени сите докази во постапката. Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба да изготви извештај по завршување на постапката со предлог“, велат од Обвинителството.

Притоа бил одбиен предлогот на обвинителките да биде сослушан професорот од Правниот факултет Гордан Галајџиев, во улога на експерт.

„На денешната седница членовите на комисијата едногласно не го прифатија предлогот да биде сослушан професорот Калајџиев кој беше предложен како сведок експерт кој треба да даде правно мислење по однос на тоа дали се повредени норми од Законот за кривична постапка. Предлогот беше одбиен бидејќи органот кој ја води постапката го применува законот и правните норми во него. Сите останати докази беа изведени. Согласно правилникот, присуството на предлагачот – Јавниот обвинител на РСМ не е задолжително и тој остана на доказите наведени во писмениот предлог. Ова не го оспорија ниту јавните обвинителки против кои се води постапката“, додаваат од Обвинителството.

Инаку, постапувајќи по предлогот на републичкиот обвинител Љубомир Јовески, дисциплинската комисија првично одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 од Законот за јавното обвинителство.

Дисциплинската постапка против трите обвинителки уследи по претресот во Управата за финансиска полиција. Предметот кој го отвори обвинителката Русковска против екс директорот на Управата, Арафат Муареми, пак, премина во рацете на обвинителката Лиле Стефанова, бидејќи според републичкиот обвинител Јовески, од старт за овој случај бил надлежен обвинител од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања.

 

Вилма Русковска дисциполонска постапка сослушани обвинителки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.