НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако заврши дискусијата за лебот, да преминеме на циркусот

0
By Соња Крамарска on March 6, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: СОЊА КРАМАРСКА

 

Минатата недела Македонија беше соочена со драмата наречена „ќе има ли бел леб или не“. Драмата целосно го окупираше општественото милје, почнувајќи од медиумите, Владата, и политичките партии се до социјалните мрежи. Се изначитавме стотици соопштенија, слушнавме и видовме изјави од сите засегнати страни, се правеа анкети. Човек да се праша во кој век живееме, и што е уште поважно, на кое социјално, економско и политичко ниво е нашата држава, та лебот е централна тема во државата. Просто е неверојатно дека во денешно време кога светот има други понапредни агенди, ние да се занимаваме со тоа како да сме во некое заостанато ќоше во Африка. Мислам дека ни за време на инфлацијата на Анте Марковиќ општеството не се занимаваше со такви прашања, или ако се занимаваше тоа беше на маргините а не во центарот на политичките и на економските случувања.

Во ред, Владата донесе одлука за замрзнување на цената на лебот која не им одговараше на производителите, но ништо невообичаено, такви спорови се присутни насекаде и за секакви производи, и тие не стануваат главни теми во државите.

По тој лебен земјотрес што ја дрмаше земјата цела недела останува да се запрашаме дали општеството може да препознае продуктивни јавни дискусии, или пак сме се претвориле во средина каде баналностите стануваат поважни од вистинските прашања. Затоа што светот влегува во битка за здрава храна во која за белиот леб нема место оти науката одамна го посочи како штетен за здравјето. Оттука правилно ќе беше Владата да се приклучи на тој тренд и да почне кампања за здрава исхрана на населението, подигање на свеста и стандардот во исхраната преку политики за побрз економски развој на земјата, наместо да го става белиот леб на пиедестал. Освен тоа, темата со белиот леб е пораз на јавна сцена за економските политики на една држава и степенот на нејзиниот развој, здравствената освестеност на населението, куповната моќ и животниот стандард.

Белиот леб треба да не загрижи сите, но не поради цената туку поради отсуството на стручни анализи и кампањи за презентирање на научни резултати и насочување на населението за тоа што е здраво а што не е здраво да се консумира. Државите кои влегле во 21 век секојдневно го прават тоа, оние како нас кои се зглавени во минатото водат економски битки да не секне белиот леб. Се грижат да го има во училишните кујни, во рестораните на владините институции кои за жал се уште личат на фабричките мензи од социјализмот, во продавниците и супермаркетите, спонзорирајќи на тој начин убиствена прехранбена култура за која нема место во денешните трендови во светот.

Но, да потсетиме на изреката „дајте му на народот леб и циркус и нема никогаш да се побуни“. „Леб и циркуси” (или леб и игри; од латински: panem et circenses) е метафорична фраза што се однесува на замајување на јавноста со цел политичарите да си го одржат рејтингот. Првпат се појавува кај старите римјани а е кажана од римски поет активен кон крајот на првиот и почетокот на вториот век од нашата ера, и најчесто се користи во  политички контексти. Алдос Хакли, англиски писател и филозоф рекол: „Мислам дека тоа би можело да се направи уште поефикасно сега затоа што на јавноста можете да и обезбедите леб и циркуси и бескрајни количини на пропаганда и одвлекување на вниманието“.

Па, ако ја завршивме дискусијата за лебот, ајде да преминеме на циркусот. Затоа што суштинската и прогресивна дебата одамна не е одлика на нашето општество.

 


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„леб и циркус“ бел леб Влада цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

ВЕСТИ August 8, 2025

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а…

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.