Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се излеа гнев на грчките улици по железничката несреќа, на Мицотакис му се расипаа изборните математики

0
By Соња Крамарска on March 9, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 9, 2023 12:05

И вчера повеќе десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Грција, а други илјадници работници стапија во штрајк во најголемата досега манифестација на јавен гнев поради најсмртоносната железничка катастрофа во која загинаа 57 луѓе.

Несреќата на 28 февруари предизвика гнев во јавноста поради распадната состојба на железничката мрежа. Работниците кои штрајкуваат велат дека виновник за оваа незапаметена несреќа досега се годините на запоставување, недоволно инвестирање и недоволно персонал – наследство од децениската должничка криза на Грција.

Во најголемите улични протести со кои се соочи владата откако беше избрана во 2019 година, полицијата процени дека повеќе од 60.000 луѓе, меѓу кои транспортни работници, студенти и наставници, учествуваа во демонстрациите во градовите низ Грција.

Повеќе од 40.000 луѓе маршираа до парламентот само во центарот на Атина, извикувајќи „Убијци! и „Сите сме во ист вагон“.

Протестите ескалираа кога група демонстранти се судрија со полицијата која употреби солзавец кон толпата. Демонстрантите фрлаа бензински бомби пред парламентот и запалија комбе и канти за ѓубре.

Илјадници луѓе излегоа на улиците и во вториот по големина град во Грција, Солун, каде група демонстранти фрлаа со камења врз зградите на владини институции.

Многумина од околу 350-те луѓе во меѓуградскиот патнички воз што директно се судри со товарен воз додека се движеше по истата пруга, беа студенти кои се упатија кон Солун северно од Атина.

„Пратете ми порака кога ќе стигнете таму“, пишуваше на плакат во Атина, повторувајќи го она што стана еден од слоганите на протестите изминатата недела.

Конзервативната влада на премиерот Мицотакис, која планираше да распише избори во наредните недели, во средата вети дека ќе го поправи болниот железнички систем.

Новиот министер за транспорт откако неговиот претходник поднесе оставка поради несреќата, на прес-конференција рече дека го разбира гневот.

„Ниту еден воз нема да тргне повторно, ако не обезбедиме безбедност на максимално можно ниво“, рече министерот Јоргос Герапетритис откако најави прекин на сообраќајот додека ја разгледува безбедноста.

Железничките работници веќе организираа штрајкови уште минатата недела, со што превозот беше запрен.

Тие велат дека нивните барања за подобрување на безбедносните протоколи не се слушаат со години и ветија дека со сила ќе „наметнат безбедност“ за да се осигураат дека несреќата нема да се повтори. „Ние машиновозачите поднесовме жалби за овие работи, штрајкувавме за тоа, предупредувавме, протестиравме“, рече шефот на синдикатот на машиновозачите, Костас Генидунијас. „Ни рекоа дека лажеме, дека сме клевети, сме имале други интереси. На крајот се покажа дека работниците биле во право“, додаде тој.

Најголемиот грчки синдикат на јавниот сектор АДЕДИ се приклучи вчера на 24-часовниот штрајк.  Вработените во градскиот транспорт ја напуштија работата во знак на солидарност, прекинувајќи ги услугите на метро, трамвај и автобус во главниот град. Бродовите, исто така, останаа закотвени на пристаништата бидејќи морнарите ги поддржаа демонстрациите.

Владата, чиј мандат истекува во јули, несреќата ја окарактеризира како човечка грешка и недостатоци за кои вели дека не биле поправени во изминатите децении.

Премиерот Киријакос Мицотакис му го предаде портфолиото „транспорт“ на Герапетритис, еден од неговите најблиски сојузници. Герапетритис рече дека средствата ќе бидат инвестирани во надградба на инфраструктурата и ангажирање персонал, а исто така вети дека ќе ги расветли причините за несреќата.

Грција го продаде својот државен железнички оператор, сега наречен Hellenic Train, на италијанската државна компанија Ferrovie dello Stato Italiane во 2017 година за време на нејзината должничка криза. Продажбата беше клаузула во договорите за спас на земјата со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд со седиште во Вашингтон.

Извор: Еуроактив

железничка несреќа во Грција Кириакос Мицотакис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.