НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Асошиетед Прес за средбата во Охрид: Високи влогови во разговорите

0
By Соња Крамарска on March 18, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Западните власти се надеваат дека ќе биде постигнат напредок во разговорите со посредство на ЕУ меѓу лидерите на Косово и Србија овој викенд, во нов обид да се намалат децениските тензии меѓу „балканските непријатели“ и да се реши еден од најдолгите спорови во Европа, јави Асопиетед Прес (АП).

По повод новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо ниво, АП во текстот насловен „Високи влогови на новите разговори меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ“ наведува дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска се среќаваат во Охрид. 

Агенцијата наведува дека двајцата привремено се договорија минатиот месец за текстот на планот на ЕУ од 11 точки за нормализирање на односите по конфликтот во 1998-1999 година и прогласувањето независност на Косово од Србија во 2008 година. 

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, кој претседава со денешниот состанок во Охрид, рече дека сега е време лидерите на Косово, Србија и на целиот Западен Балкан да покажат храброст и да ја споделат одговорноста за успехот на процесот на пристапување кон ЕУ во регионот. 

Агенцијата пишува дека Борел нагласи дека овие разговори ќе бидат фокусирани на тоа како да се имплементира предложениот план на ЕУ кој бара од двете страни да одржуваат добрососедски односи, меѓусебно да ги признаваат официјалните документи и националните симболи. 

Ако планот биде имплементиран, тоа ќе го спречи Белград да ги блокира напорите на Косово да бара членство во Обединетите нации и другите меѓународни организации, наведува  АП, додавајќи дека рамковниот договор подготвен од Франција и Германија и поддржан од САД не бара експлицитно взаемно признавање на Косово и Србија. 

Агенцијата посочува дека Александар Вучиќ во четвртокот изјави дека нема да потпише ништо на средбата во Охрид и дека претходно ветил дека нема да го признае Косово или да дозволи да стане членка на ОН, пренесе Бета.

Асошиетед Прес средба Вучиќ-Курти во Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

ВЕСТИ August 8, 2025

Германија го суспендира „до понатамошно известување“ извозот на воена опрема во Израел што би можела…

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.