НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поповски: Храната во Македонија е безбедна

0
By Менче Атанасова Точи on November 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Храната на македонските пазари е безбедна. Ова за НОВА го изјави Зоран Поповски, новиот директор на Агенцијата за храна.

„ Ги уверувам граѓаните дека храната која се увезува и се извезува од државата е безбедна. Не се согласувам со тоа дека на македонските пазари завршуваат небезбедни производи бидејќи сите сме потенцијални конзументи. Ние правиме контроли и на граничните премини и директно кај фирмите, изјави за НОВА Поповски.

Тој смета дека информациите што ги добиваат граѓаните дека во некои прехрамбени производи се откриени големи количини на пестициди, афлатоксини или опасни бактерии, се неосновани бидејќи сите анализи покажале дека во Македонија нема небезбедна храна.

„Не се согласувам дека агенцијата не информирала на време за вакви работи бидејќи секогаш постои оној систем на повлекување на храната доколку се констатира дека нешто не чини, рече Поповски.

На прашање на НОВА, што ќе се презвеме со зголемената примена на пестиди во одредени региони како што е ресенскиот со јаболките, или тиквешкиот каде грозјето се прска со пестициди без мерка, заради пласманот, Поповски со одговор:

„Контролата ја прави Државниот инспекторат за земјоделие, а одговорноста на Агенцијата е кога храната ќе премине кај граѓаните. Но, не се само пестоцидите во прашање, граѓаните треба да знаат дека е многу важно и правилното миење на храната“, одговори Поповски.

НОВА веќе објави дека вкупно 42 прехрамбени производи со потекло од Македонија полни со пестициди, канцерогени материи и опасни бактерии биле откриени во земјите на ЕУ во последните години. Околу 40 производи опасни по здравјето на граѓаните пак, биле увезени од други земји во Македонија. Податоците се земени РАССФ, системот на ЕУ, за брзо алармирање за безбедност на храна. Таму не се откриваат имињата на фирмите , само македонските производи се евидентираат како проблематични. Македонските контроли очигледно во овие 82 случаи направиле превид.

Станува збор за различни производи што секојдневно се употребуваат во исхраната, домати, пиперки, краставици, грозје, јаболки, печурки, потоа полжави, десерти, чоколади, сладолед, вино, енергетски пијалоци, желе бонбони. Некои од пратките содржеле големи количини пестициди, други содржеле опасни бактерии, трети канцерогениот афлатоксин или пак на декларацијата не било нагласено дека содржат алергени, кои може да го загрозат здравјето и животот на луѓето кои се алергични на нив.

Од анализите пак што во јули започна да ги прави Фитосанитарната лабораторија се покажало дека во македонските производи кои досега биле испитани(300) имало три пати повеќе производи со прекумерно количество на пестициди во себе од што е тоа случај во една од земјите на ЕУ, Италија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.