Седумнаесетти ноември 1989 година е денот на Кадифената револуција која ја почнаа чешките и словачките студенти и која донесе демократија и слобода во тогашната Чехословачка.
Настаните почнуваат на 16 ноември кога се одржа мирен протест во Братислава која во тоа време беше дел од Чехословачка. Утредента 15.000 студенти излегоа на улица во Прага но овој пат полицијата брутално го растури протестот со што предизвика нова серија протести кои траеа повеќе денови во повеќе чешки и словачки градови.
Во овие неколку дена бројот на лицата кои излегоа на улица порасна до 800.000 луѓе. На 27 ноември генерален штрајк ја парализираше земјата и комунистичката партија на Чехословачка најави дека ја напушта власта и кога беше аболиран членот на Уставот за клучната улога на оваа партија во државата.
Протестите кулминираа со именувањето на Вацлав Хавел за претседател а Алкесандар Дубчек, комунистичкиот реформист од Прашката пролет, беше назначен за претседател на парламентот на Чехословачка.
На 5 декември беа тргнати болдикавите жици од границите со Австрија и Германија.
Кадифената револуција се случи без ниту една жртва.
Но, многумина стравуваа дека и овој протест ќе заврши како Прашката пролет во 1968 година кога трупите на Варшавскиот пакт ја освоија Чехословачка и ја сопреа демократската либерализација.
Треба да се каже дека оваа Кадифена револуција можеби немаше да се случи доколку не постоеа драматичните моменти во другите комунистички земји и падот на Берлинскиот ѕид на 9 ноември.
Нема сомнение дека овие настани од 1989 година ја донесоа Чехословачка во демократија. По нив дојде и слободата на медиумите и изразувањето и забраните за патување беа укинати. Новата влада донесе слобода која создаде отворено и слободно општество.