Што треба да превземат институициите , како да се однесуваат граѓаните, во случај на закани и застрашувања од лица кои се веќе осудени, а згора на се поседуваат и оружје. Долгиот пат до правдата овој пат низ призмата на случај со педофил кој што одлежува затворска казна од четири години, а на секое излегување на викенд се заканува на семејството на девојчето кое пред пет години беше жртва на педофилот.
Во емисијата ПРОЦЕС зборува мајката на девојчето Роска Горѓиоска, а правната процедура ја објаснува Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.