НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лазаревски: Протестите продолжуваат и следната недела, нема да се откажеме се до промена на одлуката

0
By Ана Василевска on April 27, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Филхармонија на протест
Филхармонија на протест
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во Филхармонија на Северна Македонија денеска преку мирен протест што го организираа свирејќи на своите инструменти пред Министерството за култура, го искажаа незадоволството од владината одлука новоформириот Национален џез-оркестар да биде сместен во нивните простории.

Според претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски, вработените во Филхармонија неправедно се ставени во ситуација да се бранат од оние кои треба да ја штитат оваа институција. Затоа, како што рече, одлучиле да се спротистават со мирни протести, се до конечна промена на оваа одлука.

Вработени во филхармонија на протест

– Со протестот сакаме да го изразиме незадоволството кое се акумулираше од носењето на одлуката на Владата за вдомување на новоформираниот Џез оркестар во просториите на Филхармонија, а кое се наталожи не само поради неоснованото и нетранспарентно носење на одлуката без да бидеме прашани и без да биде прашана засегнатата страна, Филхармонија, но и поради отсуството на разбирање на Министерството за култура за потребите и условите на функционирање на оркестарот на македонска Филхармонија, како најстара културна институција во нашата држава, рече Лазаревски.

Тој исто така потсети дека мнозинството од вработените во Филхармонија потпишале петиција против оваа одлука и таа е испратена до министерката и до премиерот.

„Поради отсуството на реакција, петицијата ја испративме и до медиумите за да ја запознаеме јавноста. По ова бевме и повикани од страна на министерката за култура, при што остваривме средба заедно со претставниците на Здружението за џез музичари. Како резултат на овие дискусии, министерката пријави и разбирање за проблемот и вети дека на првата наредна седница на Влада ќе ја промени одлуката. За жал, министерката не го исполни ветувањето и побара повторно средба, но ние ја одбивме средбата и одлучивме дека е неопходно да ја информираме јавноста за несериозноста и непрофесионалното работење на Министерството за култура за што и организиравме прес-конференција пред две недели“, рече Лазаревски.

Вработени во филхармонија на протест

Како што потенцира тој, по прес-конференцијата оствариле  уште две средби со министерката, една со Управниот одбор и една со Управниот одбор и претставници од Синдикатот, на кој што министерката не отстапила од одлуката.

Тој потенцираше дека со протестите интензивно ќе продолжат следната недела и нема да се откажат се до промена на одлуката за вдомување на Џез оркестарот во просториите на Филхармонија

министерство за култура Национален џез оркестар Филхармонија на протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.