Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју, Ника Гавровска: Секое минато се проектира во сегашноста

0
By Ана Василевска on May 12, 2023 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА
Ника Гавровска
Ника Гавровска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 12, 2023 14:14

Разговараше: Ана Василевска

„Ветерната приказна“ е чиста фикција обременета со темата на минливоста, цикличноста, заборавот, спомените, љубовта, ветувањето и простувањето.“

Перфекционизмот и филигранското издаваштво кое веќе пет години го негува книгоиздателството „Гаврош“ од Скопје, годинава беше препознаено и наградено од Македонската асоцијација на издавачи. Имено, изданието „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска со илустрации на Наташа Андонова ја доби првата награда за најкреативно издание на Саемот на книгата. Во оваа категорија влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност. Притоа, се оценува иновативниот пристап и уникатноста на изданието во рамки на нашето издаваштво.

„Ветерната приказна“ несомнено заслужено го доби ова признание, за што сведочеше и големиот интерес што го предизвика на својата невообичаена и креативна промоција. Ника Гавровска (Скопје, 1987) е главен уредник на издавачката куќа „Гаврош“, книжевен преведувач и раскажувач на приказни за деца. Инаку ова е трета книга на Гавровска, по современата илустрирана бајка „Бел“ (2019) и илустрираната сказна  „Бамбино“ (2022).

Овие дела ги краси исклучителна суптилност на Гавровска во пренесување на раскошен имагинативен свет, но и возбудливи илустрации.
Покрај обземеноста на авторката од значајните современи егзистенцијални прашања за човековата одговорност, кон заедницата и кон природата, „Ветерната приказна“ е сепак четиво на универзални теми во кои се кријат заедничките желби и судбини на човештвото, како што се осаменоста, дарежливоста, љубовта и заборавот. Во интервјуто за НоваТВ,  Гавровска ни ја доближи приказната за „загубениот Ветер“,  зборуваме за посветеноста на издавачката дејност, за општествената одговорност, нужноста од автентично творештво.

„Ветерната приказна“ на Ника Гавровска
„Ветерната приказна“ на Ника Гавровска

НоваТВ: Како се создаде идејата за “Ветерна приказна” ?

Гавровска: „Ветерната приказна“ живееше многу долго со мене. Таа постоеше многу пред „Бел“ или „Бамбино“. Некои приказни растат и созреваат со нас. На некој начин, секое минато се проектира во сегашноста. Но, ако треба да ја сумирам генезата на приказната со само една реченица би ги употребила зборовите на Верта од крајот на книгата: првиот пат Ветерот се родил од здивот на Океанот, вториот пат се роди од разделба.

НоваТВ: Колку оваа книга е атрактивна за младите читатели, и секако за возрасните, дали се потребни предзнаења за митолошката подлога или тоа е акумулирано четиво што креирало сосема нова имагинација при испишувањето?

Гавровска: „Ветерната приказна“ е дел од комплексниот проект Патиштата на хероите (The Ways of the Heroes) ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија во 2021 година. Стануваше збор за верижен процес на работа помеѓу Ехо Анимато од Србија и Гаврош. Имено, екипата од Ехо Анимато, предводени од режисерката Ана Костантиновиќ снимија 12 кратки документарни филмови за 12 поединци, анонимни херои на денешницата кои ги врзува една еколошка димензија.

Природно би било да замислиме дека нивните 12 приказни послужија како предлошка за создавањето на пост-апокалиптичниот свет на исчезнатиот ветер во приказната. Но, вистината е дека овој свет на густа памучна магла беше создаден отрпвин, за потоа тие 12 ликови да станат дел од фикцијата и да го вдишат светот на Верта, дедо ù, китот Гра и казнетиот Ветер. Се надевам дека успеавме да направиме дело кое нема да го ограничи читателот на неговата возраст и ќе понуди повеќеслојно читање на вербалната и визуелната нарација на приказната, но и на темите што ги опфаќа.

Настрана од општествената ангажираност на овие 12 ликови во реалниот живот и нивниот автохтонен простор на делување, „Ветерната приказна“ е чиста фикција обременета со темата на минливоста, цикличноста, заборавот, спомените, љубовта, ветувањето и простувањето. Што се однесува до митската тема присутна во делото, заплетот во „Ветерната приказна“ се состои токму во сплетот од космогински и есхатолошки мит. Ветерните се измислена цивилизација и ова е нивната приказна, за првобитниот почеток, но и за нивната пропаст. Сепак, најголем предизвик за мене лично беше промислувањето на значењето на јазикот, песната (преку алегоријата со песната на китовите и дрвјата) а со тоа и на чинот на преведување и на повторувањето на легендите.

„Ветерната приказна“ на Ника Гавровска (малата Верта и китот)
„Ветерната приказна“ на Ника Гавровска (малата Верта и китот)

НоваТВ:  Во ера на дигитална „агресија” и инстант култура, колку е предизвик влогот во едно вакво издание кое изискува многу труд?

Гавровска: Ми се чини дека „Ветерната приказна“ не се спротиставува толку на дигиталната агресија, колку на печатената хиперпродукција. Библиофилскиот изглед на изданието нема претенциозни намери, туку беше единствениот формат што можеше да го вдоми универзумот на Верта, како и изборот на илустраторката Наташа Андонова да работи со јаглен техника. Во нејзините цртежи има една органска димензија токму заради отсуството на дигитален пристап. Конечно, не знам дали вреди да се војува со дигиталните медиуми. Не дека битката е изгубена, туку тие две димензии може да постојат како дел од една иста стварност. А нашиот влог треба секогаш да е еднакво искрен и голем.

НоваТВ: Каков е вашиот впечаток од досегашната издавачка дејност на Гаврош, издавач кој стреми кон исклучително квалитетни дела (содржински, графички итн.), има ли потенцијал на читателскиот пазар?

Гавровска: Издавачката куќа Гаврош постои пет години, а нашите идеали остаанаа непроменети. Ја следиме сопствената уредничка визија и ритам на работа без да флертуваме со читателите. Изданијата на Гаврош не можат да им парираат на шарените рафтови во книжарниците, но тоа никогаш и не беше наша желба. Се разбира, и Гаврош е дел од пејзажот на актуелната книжевност за деца. Ние сме само Нешто друго, како тоа од сликовницата на Кетрин Кејв, илустрирана од Крис Ридел, која ми е една од омилените книги од преведената книжевност за деца кај нас. Сликовницата е инаку во издание на Темплум.

Од друга страна, мене лично многу ме радуваат промените на пејзажот на издаваштвото на детска книжевност во Македонија. Ми се чини дека полека се случува и трансформација на критериумите за квалитет. Само таквиот амбиент е репер за здрава средина. За жал, позицијата на малите независни издавачки останува незавидна доколку немаат сопствена книжарница. Малите издавачи се тие што ги поставуваат критериумите за свежина, иновативност и храброст, и токму тие се оние што се фрлени во некој ќош на саемот за книга.

Оние кои немаат можност за дистрибуција и пласман на своите изданија и го плаќаат неверојатно високиот рабат во туѓите книжарници, токму тие се во позиција на немоќ. За жал, тоа што недостасува е и вистински критички осврт на делата што се објавуваат, и не само во книжевноста, туку во секој друг уметнички облик на нашето делување, и не само заради потребата од валоризација и следење на визуелното и текстуалното творештво на нашите простори преку афирмативен поздрав, туку и заради негување на критичката визура и дијалогот со авторите воопшто.

Од промоцијата на „Ветерната приказна“ и изложбата на илустрациите од книгата
Од промоцијата на „Ветерната приказна“ и изложбата на илустрациите од книгата

НоваТВ: Не напушта ли потребата од имагинација и подлабока мисловност во актуелното време?

Гавровска: Актуелното време е непредвиливо и како такво претставува дополнителен поттик за творештвото. Потребата од имагинација секогаш е безбедно прибежиште секојпат кога реалноста станува тескобна, а понекогаш таа е и чиста неопходност. Кризата е очигледна на секој план, а особено на планот на моралниот интегритет, а сепак, во општото блато постојат поединци кои со своето автентично творештво му даваат смисла на нашето постоење и се препознаваме во заедничкиот стремеж за достоинствено работење, чесна посветеност на општествената одговорност и за слободен Ветер.

„Ветерната приказна“ на Ника Гавровска Издаваштво Саем на книгата 2023
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.