Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ за НОВА: “европското знаменце” е одговор на постојаните блокади на опозицијата

0
By Борјан Јовановски on May 24, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 24, 2023 11:38

Вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за нова одговара на нашите прашања за (зло)употребата на евроспкото знаменце во случајот на пакетот закони поврзани со изградбата на коридорот 8, за односите со Бугарија, за скринигот, шансите за интензивирање на преговарачкиот процес и изгледите да се достигне двотреинското мнозинство неопходно за уставните измени. Со Бојан Маричиќ разговараше Борјан Јовановски

НОВА: Во собраниската процедура се измените на законите поврзани со договорот со Бектел. Владата го употреби европското знаменце. Каква е врската на овој пакет закони со европските интеграции?

Маричиќ: Евроинтеграциите значат развој, економска стабилност и просперитет, а тоа не е можно без развиена инфраструктура. Не може да има развиена инфраструктура без вложување во транспортната мрежа и без ефикасна транспортна мрежа. А целта на ЕУ е токму тоа, да ја промовира меѓусебната поврзаност и интероперабилноста на националните мрежи, како и да го зголеми пристапот до тие мрежи, бидејќи тоа е суштинска важност за развојот не само на регионот, туку и на цела Европска Унија. А со овој проект практично го впишуваме и регионот во европските коридори.
На неодамнешниот објаснувачки скрининг заПоглавјето 21, „Транс-европски мрежи“ и 14, „Транспортна политика“, прецизно ги презентираа обврските од овие поглавја, а тоа е функционална инфрасруктура, со намален метеж, без чекања, која ќе ја зголеми ефикасноста на транспортниот бизнис.

Затоа ја правиме промената на законските решенија, единствено за доуредување на постоечки закони, со кои ќе се обезбеди побрзо и поквалитетно изведување на досега најголемиот инфраструктурен стратешки проект, со кој ја поврзуваме земјата со регионот и Европа по европски и светски стандарди. Овие закони одамна ги бараа и компаниите и истите ќе важат за сите следни проекти поврзани со железничката, патната, гасоводната и енергетската инфраструктура. Владата го знае и разбира значењето на транспортниот сектор и со финансиска поддршка на ЕУ ќе продолжиме да спроведуваме значајни инфраструктурни проекти, бидејќи на крајот тоа е во интерес на граѓаните, македонскиот бизнис сектор и развојот на државата.
Коридорите 8 и 10 се од интерес и на ЕУ и се важни во европската трансевропска мрежа, што е доказ нивното официјално впишување во истата, за што беше потпишан од страна на министерот за транспорт и врски, Бочварски, и Анекс на Одлука на Европската комисија, за „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија.

НОВА: ЕК ја критикуваше владата за (зло)употребата на евроскотознаменце.Очекувате ли овој случај со пакетот закони за изградба на коридорот 10 да биде критикуиван во извештајот на ЕК и како ќе се одрзи тоа врз кредибилитетот на владата?

Маричиќ: Во постојана комуникација сме со претставниците на Европската комисија и европските институции, на кои им испративме образложение за одлуката за ставање европско знаменце на законите поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10, кои ќе придонесат за побрза и поекономична реализација на овој инфраструктурен проект, донесен со специјален закон во Собранието.
Имаме причина зошто ставаме европското знаменце и тоа го
објаснивме и на ЕУ.

Сметам дека многу посериозна е злоупотребата со амандманите што ја прави опозицијата за еден закон, а знаеме сите дека нема основа за тоа. Одамна во македонското Собрание веќе инструментот амандмани се користи само за блокирање, наместо за подобрување на законите. И сèдодека се случува тоа во Собранието ќе има и вакви ситуации на користење на европското знаме, кога може да се толкува и на еден и на друг начин дали е злоупотребено или не европското знаме.

И самата Европска комисија во ланскиот Извештај за напредокот ја критикуваше работата на Собранието за доцнењето на носењето на законите, што е резултат на блокадите од опозицијата, со нагласување дека Собранието треба да биде форум за конструктивен политички дијалог, особено во однос на реформската агенда, и да работи заедно со Владата на планирање на законодавната агенда, со приоритет на уставните амандмани.

Европската Унија и нашите европски партнери ја воочуваат заложбата и политичката волја на Владата за државата да остане на европскиот пат и да продолжи со реформите. Нашиот став и цел се јасни: Сакаме Северна Македонија да биде да инфраструктурно развиена, поврзана и кон Исток и Запад, важна крстосница на Западен Балкан и членка на ЕУ.

Во вториот дел од интервјуто за НОВА вицепремиерот Бојан Маричиќ зборува за односите со Бугарија и изгледите да се достигне двотретинското мнозинство неопходно за уставните измени

#бојанмаричиќ #еу #коридор8
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.