НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На местото на новиот клинички центар стои само празна дупка

1
By Менче Атанасова Точи on November 25, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изградбата на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“ се уште тапка во место. Иако по уривањето на старата зграда на гинекологија на почетокот на годинава, требаше да започне изградбата на новиот објект, таму се уште стојат само ископани темели и огромна дупка која зјае празна.

Стартот на изградбата беше најавен на 2-ри јануари годинава, каде присуствуваа и премиерот Груевски и министерот Тодоров. Тогаш беше речено дека е предвидено рушењето на старата зграда да трае три месеци, по што работите ќе продолжат со изградбата на новиот грандиозен објект.


„Ова е голем капитален проект за сите граѓани на Република Македонија. Во изградбата на новиот Клинички центар се вложени 70 милиони евра. Во него ќе бидат сместени сите клиники, освен инфективната клиника. На страна од клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе остане и Клиниката за детски болести, каде ќе биде сместена и детската хирургија. Три ката на хирургија ќе бидат слепени со овој објект. Со топол премин ќе биде поврзана и новата зграда на Клиниката за гинекологија“, рече тогаш премиерот Груевски.


Во обид да дознаеме каде заглавија работите, на веб страната на Министерството за здравство наидовме само на текст од август 2013-та година, каде меѓу другото стои:

„ Изградбата на новиот објект се очекува веднаш по завршување на проектите, односно по добивањето на потребните дозволи и завршување на претквалификациите за фирми за градба. По Нова година се очекува да заврши комплетното проектирање, по што ќе следи период на ревизии, добивање дозвола за градба и избор на најповолен изведувач кој ќе го гради новиот клинички центар.“

Еве, наближува и втората Нова година, а од новиот Клинички центар се уште нема ништо.

Нема објаснување што во меѓувреме се случува со изградбата на новиот објект, ниту на веб страната, ниту пак Министерот Тодоров не излегол официјално во јавноста да објасни кои се причините за застојот. Што се случи, зошто не е започната изградбата на објектот, која е причината што работите стагнираат? Ова се прашањата кои НОВА ги испрати на адреса на Министерството за здравство, на кои не добивме никаков одговор.

Инаку, предвидено беше изградбата на Клиничкиот центар да трае три години, односно целосно да биде завршен во 2017-та година. Годината измина, а просторот се уште стои празен, таму нема донесено никаква механизација, нема ниту трага од новиот објект.

Во август 2013 година беше најавено дека идејното решение ќе го изработи италијанската проектантска куќа Арен СРЛ за шест месеци и дека ќе чини 1, 3 милиони евра. Објектот ќе се протега на површина од 61 500 метри квадратни, а почетокот на градбата министерот Тодоров ја најави за оваа 2014-та година. Целиот проект планирано е да чини 70 милиони евра, а парите треба да бидат обезбедени од кредит од Банката на Советот на Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.