НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шукова на Дијалог на лидерите за „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“

0
By Marta Pesevska on June 7, 2023 ВЕСТИ
Министерката Шукова учествуваше и се обрати на пленумот на високо ниво „Зелената агенда како заедничка мисија – преиспитување на односите- влада -приватен сектор – граѓанско општество“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова учествуваше на   лидерски дијалог на тема „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“, што вчера и денес се оджува во Тирана, во рамките на подготовка на Самитот на Берлинскиот процес во 2023 година.

Во духот на зајакнување на регионалното климатско партнерство меѓу земјите од Западен Балкан и Германија во рамки на Берлинскиот процес,  дијалогот на лидерите има за цел да придонесе кон одговорот на прашањето како регионот може да се доближи до единствениот пазар на ЕУ и  да се создадат предуслови за социјално и економски праведен премин од фосилни горива во обновливи извори на енергија и де-карбонизација. Социо-економските шанси упатуваат на ваква далекусежна транзиција при која треба да се постигне енергетска безбедност и независност за Западен Балкан и да им се овозможи на поединците, компаниите и академската заедница да имаат корист од зелената економија преку новите вработувања и иновации.

Очекувано е на настанот да се развие платформа за соработка на високо ниво меѓу владата, приватниот сектор и граѓанското општество во рамките на Регионалното партнерство за климата и да генерира заклучоци и препораки за Самитот на Берлинскиот процес во октомври 2023 година во Тирана.

Министерката Шукова учествуваше и се обрати на пленумот на високо ниво „Зелената агенда како заедничка мисија – преиспитување на односите- влада -приватен сектор – граѓанско општество“ каде најави дека како држава започнуваме со мапирање на националните акции како одговор на регионалниот акциски план кон Софиската декларација за Западен Балкан.

Ко-домаќини на настанот се Министерство за енергетика и инфраструктура и Министерство за туризам и животна средина на Албанија и Сојузно министерство за економска соработка и развој во соработка со Сојузно министерство за надворешни работи на Германија.

„Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“ Шукова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.