Судијата Ханиф Зендели е избран за нов потпретседател на Судски совет. Изборот е направен на предлог на членот на Советот, Ивица Николовски.
„За заменик претседател, го предлагам Ханиф Зендели. Колегата е долгогодишен судија, помина Основен суд, подолг период беше и апелациски судија. Исто така, судијата беше претседател на суд. Овие негови придобивки ми даваат надеж дека располага со знаења и доволно искуство во менаџирањето како претседател, во комуникациите суд-Судски совет. Како член на Судски совет е подолг период тука, при што имаше можност да го збогати своето искуство во решавањето на потребите, проблемите поврзани со судството. Во овој момент, двајца судии ќе го раководат Судски совет“, рече Ивица Николовски.
„Многу кажа колегата Ивица. Благодарам на поддршката. Состојбата е таква каква што е, знаеме сите. Во оваа состојба мислам дека заедно можеме да постигнеме резултати. Да направиме чекори кои личат на Судски совет, да донесеме мудри, паметни и добри одлуки“, рече Ханиф Зендели по изборот.
С.К.