НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НВО:Стоп за предрасудите, поголема грижа и подршка на луѓето со ХИВ

0
By Менче Атанасова Точи on December 1, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клучни елементи за успешно справување со ХИВ-инфекцијата како јавно-здравствен проблем се: елиминирање на предрасудите, промовирање на доброволното и доверливо советување и тестирање, превентивните активности помеѓу ранливите групи граѓани, грижата и поддршката за луѓето што живеат со ХИВ, навременото отпочнување со терапија и обезбедувањето на континуирана достапност на современа и квалитетна антиретровирусна терапија, која истовремено е и превенција, порачуваат од Платформата за ХИВ која ја сочинуваат 16 граѓански организации што во партнерство со Министерството за здравство ги спроведуваат програмите за превенција на ХИВ.

Овие програми во Македонија се поддржани со грантовите од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија од 2004 година и ќе траат до крајот на 2016 година. По ова, во наредните две години државата треба да изготви стратегија за да преземе во целост одржувањето на овие клучни јавно-здравствени програми.

„Преку активностите на здруженијата се откриени вкупно 7 нови случаи на ХИВ-инфекција. Со моделот на доброволно и доверливо советување и тестирање сите овие случаи се откриени во ран стадиум, кога може да се очекува брз и одличен ефект од лекувањето со антиретровирусна терапија. Само преку теренското советување и тестирање, до крајот на октомври се направени 1200 тестирања. На овој начин на годишно ниво се прават по 1500 до 2000 тестирања“велат од Платформата на граѓанските организации.

Со програмите за размена на стерилен прибор за инкјектирање во 13 града низ Македонија, преку 15 програми (3 во Скопје) се опфатени 3500 корисници на дроги коишто инјектираат, а со програмите за лекување на зависности со супституциска терапија се опфатени 1500 лица, додека за рехабилитација и ресоцијализација на лица зависни од дроги постои една тераписка заедница во Струмица.

„На овој ден сите ние заеднички ги реафирмираме нашите заложби за справување со ХИВ-инфекцијата. Затоа, сакаме да упатиме порака за конечно тргнување на стигмата врзана за ХИВ, особено стигмата кон луѓето што живеат со вирусот или оние што се под поголем ризик од изложеност на него. Сите ние, а особено професионалците во здравствениот сектор, ХИВ-инфекцијата мора да ја третираме како и секоја друга здравствена состојба, уште повеќе – како хронична состојба која што успешно се третира со помош на антиретровирусната терапија и со сеопфатна грижа и поддршка; како дел од нашето секојдневие, и како вирус кој не прави разлика помеѓу луѓето како што честопати правиме сите ние, порачаа од Платформата на 16-те граѓанските организации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.