Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исчезнатиот малезиски авион рачно управуван и намерно потонат?

0
By Нова ТВ on December 1, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 1, 2014 22:41

Малезискиот авион со лет МH370 кој пред речиси осум месеци исчезна без трага, најверојатно лежи шест километри под вода и тоа целосен. И само некаков вид на човечка интервенција би можел „да го смести“ таму, смета искусен пилот на Боинг 777, пренесува „Inquisitr“.

Поранешниот капетан на таков вид авиони Бајрон Бејли тврди дека нема никакви шанси авионот да летал пренесен на автопилот па да снемал гориво и да паднал во океанските води, нешто што одамна тврдеа експерти за медиумите низ светот.

– Профилот на летот е програмиран во компјутер уште пред да стартува моторот а ангажирано е и автоматското управување, според нормите, веднаш по полетувањето, така што авионот ќе се префрлел на автоматско управување до својата дестинација се додека некој човек не го пренасочи, пишува во колумна Бејли.

Тој вели има искуство со таквиот тип на авион и затоа знае. Капетанот надополнува дека летот е регистриран на 80 компјутери а секој систем внатре во авионот е осигуран како успешно би се извела операцијата.

– За да се изгуби вториот контакт со радар, некој морал да ги деактивира сите три рачно. Фактот што летот MH370 не е забележан на ниеден од радарите на земјите над кои летал, влева сомнеж потенцира Бејли.

Гледиштата на капетанот Бајрон Бејли ги делат многу независни експерти кои не се дел од истрагата, но не и официјалните лица кои се дел од неа.

Неодамна еден документарец сугерираше дека авионот можеби бил управуван електронски. А неодамна книгата „Добра ноќ Малезија 370: Вистината за загубата на летот 370“ потенцира дека пилотот на Боингот 777 Захари Ахмад Шах, намерно го возел авионот вон првичниот курс во самоубиствена завера.

Истата книга вели, авионот бил слетан во вода а потоа потонал.

– Боингот 777 е многу голем авион и лично верувам дека се наоѓа 6.000 метри под вода, пишува капетанот Бејли во колумна.

Тој порачува дека доколку има вистинска истрага, авионот ќе биде пронајден.

>> MH370: Уште колку ќе трае потрагата?

>> „Добра ноќ“ – последните зборови од пилотот на малезискиот авион до контролорите

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.