Центарот за јавно здравје препорачува задолжително превривање на водата за пиење во Тиквешијата, бидејќи е заматена поради обилните врнежи.
Дождовите се особено обилни на планината Кожуф каде се наоѓа регионалниот водовод „Лукар“ од кој со вода за пиење се снабдува населението од Тиквешијата.
– Извршено е неопхдното испитување на својствата на водата за пиење. Не е утврдено присуство на резидуален хлор, информира доктор Трајче Ризов, раководител на Центарот за јавно здравје од Кавадарци.
Земавме, додаде тој, мостри од водата, а во среда ќе ги имаме резултатите и ќе ги соопштиме и препораките до граѓаните.
Препораката до Јавното претпријатие „Комуналец“ е да ја зголеми дозата на хлор во хлоринаторната станица.
– Бидејќи се очекува врнежите од дожд да продожат и во наредните денови, наложив вели Ризов допонително хлорирање на водата со течен хлор.