Во сите репрезентативни градови низ Македонија Центарот, за истражување и анализа, во периодот од 18 до 22 февруари направил теренска анкета со 2.127 испитаници.
Еве ги резултатите:
На прашањето дали ќе излезете и ќе гласате на претстојните локални избори 62,46 проценти од испитаниците одговриле потврдно, додека 15,95 одговриле дека нема да гласаат. Не знаат 21,58 проценти.
За еден проценти повеќе Албанци би гласале, односно 64,29 проценти, наспрема 63,23 проценти од испитаниците со македонска националност.
Додека пак над 19 проценти од Албанците негативно одговориле на прашањето дали ќе излезете на гласање на локалните избори, а речиси 14 проценти од Македонците.
Во истовреме на прашањето дали го поддржувате бојкотот на локалните избори, 24 проценти од сите испитаници одговориле потврдно, односно над 23 проценти од Македонците и над 28 проценти од Албанците.
На истото прашање негативно одговориле 56,63 проценти од испитаниците. Дека не го поддржуваат бојкотот од Македонци се изјасниле 57,89, а од Албанци 50,94 проценти.
Само 19 проценти од граѓаните на РМ не знаат дали да го поддржат бојкотот.