НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог на ВМРО – ДПМНЕ за излез од кризата

0
By Нова ТВ on February 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владејачката партија со предлог до опозицијата да се врати во изборниот процес.
Предлозите ги соопшти Зоран Ставрески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ:

1. Утврдување на нов рок за доставување на листите за кандидати за советници и листите за кандидат за градоначалник кој би траел до 03.03.2013 година (недела) во 24 часот. Во овој рок сите политички партии ќе можат да ги достават листите. Оваа постапка би се овозможила со интервенција во преодните и завршни одредби на Изборниот законик и би се однесувала само за овие локални избори. Ако СДСМ денес го прифати овој предлог, утре на итна седница Собранието на Република Македонија би ги усвоило измените на Изборниот законик и тие би стапиле на сила веднаш.

2. Во насока на надминување на политичката состојба, високо значење и позитивни резултати би имало и доколку СДСМ донесе одлука за враќање во нормална работа на нејзината пратеничка група во Собранието на Република Македонија, со што би продолжил политичкиот дијалог по сите важни прашања. Воедно, заеднички, во утрешниот ден би ги усвоиле измените на Изборниот законик со кои се утврдува нов рок за доставување на листите за кандидати за советници и кандидат за градоначалник од страна на политичките партии.

3. Во врска со настаните од 24.12.2012 година ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на Комисија која би имала надлежност да ги утврди сите причини, аспекти и настани кои доведоа до конкретната ситуација, по примерот на сите демократски држави каде секогаш се формираат комисии после случување на слични настани. Исто така , како што веќе се изјаснивме, за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива и опцијата, односно предлогот кој го понуди Претседателот Ѓорге Иванов.

Имајќи во предвид дека СДСМ бараше одложување на изборите со цел да има време да ги состави листите на кандидати за советници и градоначалници, со овој предлог на СДСМ му се овозможува цела една недела да го направи истото и да учествува на изборите без притоа да има потреба од одложување на изборите, што за ВМРО-ДПМНЕ е непотребно и неприфатливо. Ако е потребна една недела за подготовка на листите, СДСМ со овој предлог ја има, стои во предлогот од ВМРО – ДПМНЕ.

Претходно СДСМ упати предлог до ВМРО ДПМНЕ во петокот, во кој се бараше пролонгирање на изборите до 7 април, но ВМРО-ДПМНЕ експресно одби.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.