На доделувањето на Оскарите традиционално, веднаш по филмските остварувања, на второ место во фокусот на вниманието се фустаните и накитот на филмските ѕвезди. Овојпат јубилејното издание помина во знакот на гламурот на стариот Холивуд, втората варијанта беше враќањето на минимализмот и елеганцијата.
Со дориот избор се истакнаа актерките Џенифер Анистон во фустан од „Валентино“, добитничката на Оскар Џенифер Лоренс во „Диор“, Џенифер Гарнер, сопругата на Бен Афлек со фустан од „Гучи“, убавата Шарлиз Терон, истот така, одбра фустан од „Диор“. Оскаровката Ен Хатавеј блесна во едноставен фустан на „Прада“.
Хелен Хант се реши за елегантен темносин фустан потпишан од H&M, но тој не се покажа доволно гламурозен, додека виталната Џејн Фонда, која е во осмата деценија од животот, покажа дека може да се биде гламурозен и во жолт фустан, потпишан од модната куќа „Версаче“.