Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи во Њу Делхи се сретна со потпретседателот на Индија, Дханкар

0
By Ана Василевска on August 31, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Османи во посета на Индија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 31, 2023 10:35

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја започна официјалната посета на Индија со средба со потпретседателот на државата Џагдееп Дханкар.

На средбата беа поздравени пријателските односи меѓу двете земји, како и реафирмирани заемните заложби за зајакнување на соработката, пред се’ во делот на економските врски и бизнис вмрежувањето.  Притоа, Османи нагласи дека и покрај нашите надворешно-политички приоритети, од особена важност е интензивирањето на соработката и искористувањето на потенцијалите со земјите од Централна и Јужна Азија, посебно со Индија, со која не поврзува Мајка Тереза, соопшти МНР.

– Разликата во големината на двете земји, бројноста на населението, како и географската оддалеченост, не треба да бидат пречка за меѓусебно пријателство, добри билатерални односи и мултилатерална соработка. Ликот и делото на Мајка Тереза секогаш ќе биде дел од нашите истории и ќе остане во колективната меморија на нашите земји, рече Османи.

Соговорниците изразија подготвеност за зајакнување и на парламентарната соработка, унапредувањето на договорната рамка, како и интензивирањето на културната размена и доближувањето меѓу двата народи.

Османи го поздрави и честиташе последното високо достигнување на Индија во светски рамки, со првото успешно слетување на јужниот пол на Месечината како сериозен исчекор и голем успех не само за индискиот народ, туку и за целокупното човештвото.

За време на официјалната посета на Индија, Османи ќе има средби и со министерот за надворешни работи, Субраманјам Џаишанкар, како и со други високи индиски претставници.

Њу Делхи Османи во посета на Индија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.