НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Годишен преглед за работата на ЕК: Ова е Комисија која останува доследна на зборот

0
By Marta Pesevska on September 8, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред една година, ЕУ се соочи со еден од најголемите предизвици досега – со војна што беснее на нашиот континент и првпат досега една соседна земја беше нападната поради нејзината желба да се приклучи на нашата Унија, се наведува во воведот на прегледот за работата и постигнувањата не Европската комисија во текот на изминатата година, објавен денеска во пресрет на годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“ на претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент в среда.

– Русија се обиде да нè уценува со енергија, а Европа беше на работ на криза со фосилните горива. Не знаевме дали нашите резерви на гас ќе бидат доволни за зимата. Но, ние длабоко во нашите срца знаевме дека не можеме да се откажеме од нашите украински пријатели, кои се борат за својата слобода. Требаше брзо да ја прекинеме нашата зависност од руските фосилни горива, со диверзификација и забрзување на транзицијата кон чиста енергија. И го направивме тоа, заедно. Не затоа што беше лесно, туку затоа што беше вистинската работа, се наведува во документот.

Во прегледот се посочува дека ваквите определби го одразуваат „духот на Европската комисија на претседателката Урсула фон дер Лајен“.

– Од 2019 година, Европејците издржаа глобална пандемија, издржаа енергетска криза и примија во своите домови најголемиот број раселени луѓе по Втората светска војна. И покрај таквите неволји, ние никогаш не се поколебавме во нашата заложба за Европскиот зелен договор, дигиталните иновации насочени кон човекот и социјалната правичност. Ова е Комисија која останува доследна на зборот и испорачува, се нагласува во извештајот.

Во документот се наведува дека и Северна Македонија, заедно со 27-те земјите членки на ЕУ, Исланд, Норвешка, Србија и Турција преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, учествуваше во обезбедувањето над 94.000 тони помош за Украина, чија вредност се проценува на над 760 милиони евра.

Прегледот ги опишува активностите на ЕУ како одговор на руската агресија врз Украина, напорите за намалување на енергетската зависност од Русија, постигнувањата во однос на другите политички приоритети на Комисијата и заложбите за зајакнување на просперитетот и отпорноста на Унијата преку спроведување на проектите „СледнаГенерацијаЕУ“ и „РеПауерЕУ“ и за имплементација на Европскиот зелен договор и на програмата Европска дигитална декада.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, документот содржи и преглед на ангажманите на ЕУ со нејзините партнери ширум светот, особено оние посветени на трговската агенда, како и на иницијативите насочени кон зајакнување на „столбовите на европската демократија и изградбата на Унија на рамноправност“.

– Граѓаните на ЕУ не само што ја вратија довербата во издржливоста, агилноста и визијата на нашата Унија, туку и ние Европејците излеговме посилни и пообединети, се наведува во прегледот.

Фото: Европска комисија

ЕК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.