НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Девет години од смртта на претседателот Трајковски

0
By Нова ТВ on February 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владина делегација предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во која ќе биде и заменик-министерот за одбрана Емил
Димитриев ќе присуствува на одбележувањето на деветгодишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски кај Ротимље, близу Мостар.

Во авионската несреќа животот го загубија и осумте членови на претседателската делегација како и екипажот на кингерот.

Претседателот Борис Трајковски загина на денешен ден во 2004 година во авионска несреќа во близина на Мостар. Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

На гробиштата во Бутел на гробот на претседателот Борис Трајковски цвеќе ќе положи делегација на Собранието на Република Македонија.

На почетокот на овој месец во Македонија допатува главниот истражител Омер Кулиќ, кој објави дека е повторно отворена истрагата за авионската несреќа во која загина претседателот, воедно објавувајќи дека се очекува истрагата да трае од шест до 12 месеци, за разлика од првичната истрага која траела само два месеци.

Тој информираше дека петнаесетчлениот меѓународен тим го сочинуваат експерти од БиХ, Хрватска, Србија, како и од Македонија, а нивните имиња нема да бидат соопштени на јавноста со цел да се избегне евентуално влијание врз нивната работа.

– Оваа Комисија не ја утврдува вината и одговорната особа, туку фактите и тоа како дошло до несреќата. Штом биде готов извештајот ќе биде доставен на обвинителството и на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски на БиХ, рече Кулиќ.

Кулиќ на заминување од Македонија упати апел до јавноста кој има какви било сознанија вредни за истрагата да и ги достави на оваа Комисија во текот на истрагата оти по нејзиното завршување тие нема да бидат релевантни, потсетувајќи дека прикривањето на докази претставува кривично дело.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.