Published: Friday, December 12, 2014 11:25
Се сеќавате за мечката што шеташе низ Скопје? Повиците во редакција не престануваат. Мечката е повторно забележана низ Скопје.
Постојано добиваме фотографии од минувачите што случајно ја начекале и се фотографирале со неа. Сите велат дека била многу мила и мека, а истовремено и многу забавна.
.jpg)
Посебно е внимателна со малите дечиња. Пред некој ден била забележана пред театарот за деца и млади каде што ги израдувала најмладите, а како што забележавме на една од фотографиите кои ни пристигнаа била и на ракометниот натпревар Македонија – Исланд.
.jpg)
Доколку ја видите и Вие, гушнете ја и од нас, фотографирајте се со неа и испратете ни ги Вашите фотографии. Направете нешто различно и уживајте.
.jpg)




