Синоќешните обилни дождови во Свети Николе предизвикаа излевање на браната Мавровица и реките Поток, Периш и Мавровичка река, со што е поплавен источниот дел и центарот на Свети Николе, објаснуваат жителите.
Околу 200 куќи се под вода, во населбите Дрвенарија и Каракански бавчи како и трафостаницата со која градот се снабдува со електрична енергија.
Во моментов цел град е без струја, а општината на Свети Николе денеска не работи и не даваат никакви информации за причините за поплавата и утврдените штети.
Граѓаните на Свети Николе за НоваТВ велат:
– Поради зголеменото ниво на вода во браната Мавровица, водата е намерно отпуштена за да се спречи пукање на браната и со тоа прелевање на реките Периш и Мавровичка река, а сето тоа предизвика поплавување на околу 200 куќи, колиби и земјоделски насади. Од општината освен што ги санираа штетите во центарот на градот, немаат ништо друго превземено за да помогнат.
(Во аматерското видео може да видите како е денеска во Свети Николе)