Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синџирите на професорот Стравински

0
By Биљана Секуловска on December 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 13, 2014 10:15

На денот кога повеќе илјада студенти маршираа (Би-Би-Си оперираше со бројка од 9.000), тогаш кога практично поминуваа под прозорците на моите таканаречени колеги од јавниот сервис МТВ, тие самите, овие самопрогласени новинари си потпишаа професионална смртна пресуда.

Точно цитирам што напишале на веб сајтот на МТВ: “Според проценките се собрале две до три илјади луѓе, од кои голем дел членови на СДСМ и активисти на СОРОС”. Нема мислечки луѓе во оваа земја, нема средношколци чии врати на гимназиите биле заврзани со синџири затоа што не смеат да маршираат, но и покрај тоа, многу од нив ги отворија портите на професорот Стравински (професорот на психијатриската- затворска клиника во Мајсторот и Маргарита) нема студенти кои бараат право на глас, некој да ги слушне побогу, нема професори кои маршираа со своите студенти, не постои професорот Марјановиќ кој со студентите тој ден одеше кроце, полека, затоа што така мора, затоа што тоа е обврска, затоа што не смее поинаку!

Не. Само сатанската опозиција и клетите соросоиди беа таму.

Вестите на МТВ се опасни за гледање од хигиенски причини, но и во најодвратните моменти тие се неопходни да се погледнат понекогаш , за да се констатира срамот кој сите ние го плаќаме за да го јадеме. Одамна требаше да се окупираат нивните канцеларии, монтажни простории и студија со нашите пенкала кои ќе им ги истуревме и ќе одбиевме да си одиме се додека не кренеа телефон, додека во живо оди програмата и јавно објавеа дека одбиваат повеќе нарачки, притисоци и закани од убер газдите- власта. Дека одбиваат орвелизација на Македонија.

Да беше во прашање митинг на опозицијата и да маршираа десет илјади луѓе, ќе беше уште еден вообичаен пропагандистички ден за МТВ и за сите нас, затоа што нели, опозицијата не постои во оваа земја. Слично како што не постои и Алексеј Анатољевич Наваљни, кого Путин мораше да го затвори, па после да го ослободи за да го докаже токму тоа- тој не победува на избори, значи не постои! Како ќе прикажете некои избори кои безочно, бескрупулозно ги фалсификувате – дека се легитимни?

Елегантно- великодушно му овозможувате на харизматичниот лидер на опозицијата да влезе во игра и потоа јавно му се смеете на резултатите, за што Наваљни и претходно предупредуваше и повика на бојкот, но откако му ставија катанец зад решетките и официјално ги прогласија за затворски . Кутриот тој, наивниот Наваљни. После дебаклот на изборите за Москва, најави дека ќе оди на претседателски избори.

И пак за студентите. Она што е иронично во целата оваа пропагандистичка машинерија која мисли дека сите ги сомлела е еден факт- тие не знаат дека сите знаат се. Се за студентскиот марш.

Тие не знаат дека спикерот на МТВ (нема новинари, има само глави што зборуваат- talking heads) што чита вести знае дека не ја чита вистината. Монтажерот на МТВ кој ги прегледува снимките на камерманот и ги лепи знае и тој- дека двајцата, тој и камерманот знаат, едноставно знаат што се случува. Знае и таа особа на МТВ што се потпишала зад текстот, знае што зборува, знае дека без лагите таа никогаш не би можела да работи ниту во киоск за продавање весници. А знае и уредникот на тие вести на МТВ, кој дозволил бесрамно да му стои името на одјавната шпица. Знаат, знаат се и главниот и одговорниот уредник на МТВ, кои ги носат овие титули како камења, насекаде, како подвижни билборди, да знаат сите, како што знаат и тие, дека одамна ја изгубиле честа.

Што после маршот на студентите? Што денеска, ден потоа, кога го пишувам овој текст? Некои колеги ме убедуваат дека ова е пресвртницата, дека ова е таа бомба која се чека со години, дека е сменета перцепцијата, дека аплаузите на граѓаните кои во шпалир ги поздравувале и им симнувале шапки на децата се вистинската слика на оваа изгубена земја, но не и слика на изгубен, млитав, несозреан народ, напротив, овој народ се знае и се памти.

Додека молчи.

Историски, тој народ молчел секогаш, ако го вратите времето наназад, во современата историја, но не онаа што ја прикажува МТВ, додека трае утринската црковна молитва за да опстанат македоноидите преку забрзана продукција на многудетни семејства, кои треба да јадат малку но здраво, така јаделе нашите претци, да се јадат на пример корења, наспроти Милошевиќевата “јешчемо корења”, ние немаме идно време, туку сегашно. Тој народ и не знаел поинаку, освен покорно да молчи и да ги трпи сите ужаси и понижувања, додека без некои големи потреси се менувале окупаторите, низ вековите. Тогаш, како опстанал? Таа лекција ниту една власт не ја научи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.