Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Претседаваме со ОБСЕ во најтешката година, правиме се што може за да продолжи да биде најважната организација за безбедност во Европа

0
By Ана Василевска on October 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Поставени знамињата на ОБСЕ на зградата на МНР
знамињата на ОБСЕ на зградата на МНР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 5, 2023 14:33

Претседаваме со ОБСЕ во најтешката година, како што сите сме свесни за тоа и нашето претседателство прави се што може за Организацијата да продолжи да биде најважната организација за безбедност во Европа, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија.

Свесни сме, посочи Ковачевски, дека постојат предизвици, особено и внатре во организацијата, како и во врска со Русија и Белорусија и, нагласи дека, се во во постојана комуникација се со цел да ги придвижиме процесите кон мирна Европа.

Ние претседаваме со ОБСЕ во најтешката година, како што сите сме свесни за тоа и нашето претседателство прави се што може за Организацијата да продолжи да биде најважната организација за безб

– Но, да имаме мирна Европа тогаш првата работа која што ни е потребна е да сопре војната во Украина и Украина да го сочува својот територијален интегритет и да ги исполни своите цели и целите на луѓето на демократска Украина да имаат суверена држава како што и се и ќе продолжиме до крајот на нашето претседателство да бидеме држава која што ќе ги земе предвид сите важни мислења, сите важни ставови и ќе организира успешен самит до крајот на годината, изјави Ковачевски, јави специјалниот известувач на МИА од Гранада.

Ковачевски, без да изнесува детали, меѓу другото, посочи дека сме во подготовки за Министерскиот совет, што ќе се одржи во декември во Скопје во главниот град на Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ Бујар Османи вчера изјави дека на самитот на ОБСЕ на 30 ноември/1 декември најверојатно ќе се донесе одлука каква ќе биде иднината на организацијата имајќи го предвид ветото на Русија. Османи вели дека едно од решенијата е Северна Македонија да продолжи уште една година со претседавањето, но дека за тоа ние сега треба да донесеме одлука дали ќе прифатиме.

Прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-Ова е најтешката година од историјата на ОБСЕ. Точно е дека ОБСЕ е пред егзистенцијални предизвици, нема буџет, нема претседавач, нема кому да му го предадам претседавањето идната година во 2024 година. Тоа првпат се случува во историјата, бидејќи Русија стави вето на Естонија и мандатот на четворицата извршни лидери на ОБСЕ им истекува. Треба консензус за продолжување. Јас сум во постојана комуникација. Се слушнав и со Лавров пред неколку недели, рече Османи во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“.

Османи нагласи дека министерскиот совет на 30 ноември – 1 декември ќе биде историски затоа што, како што рече „или таму ќе ги изгасиме светлата или таму ќе обезбедиме иднина на организацијата“.

-Имам понудено креативни решенија за сите три. Сега провејува веќе консензусот…најголемиот дел од консензусот е дека Северна Македонија треба да продолжи уште една година. Дали ќе има консензус за тоа не можам да кажам. Ние сега треба да ја донесеме одлуката дали ќе прифатиме, изјави Османи.

Претседавање со ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.