Македонија е на 69-то место од вкупно 142 земји, а Норвешка е именуванa како најпросперитетна земја во светот веќе шеста година по ред од страна на Глобалниот индекс на просперитет, кој ги рангира земјите во полето на економијата, здравјето, образованието и слободата.
Европските земји доминираат во Топ 30, а Велика Британија е 13-та и е највисоко рангирана од поголемите земји-членки на ЕУ. Германија е на 14-то место додека Франција на 21.
Во полето на индивидуалната слобода, САД назадува и Индексот предупредува дека таа повеќе не се перцепира како „земја на слободата“, и е рангирана под земјите од типот на Уругвај и Костарика.
Во глобалното рангирање после Норвешка доаѓа Швајцарија, а кругот од Топ 3 го заокружува Нов Зеланд кој се наоѓа на 3-то место.
Речиси 2/3 од земјите во Топ 30 се европски земји, а 16 од нив земји-членки на ЕУ.
Издавачаот на Индексот на просперитет, „Легатум Институт“ ја опишува Велика Британија како „земја лидер во претприемништвото“.
Нејтан Гејмстер, првиот човек на Индексот на просперитет ја објаснува методологијата како се рангираат земјите:
– Графичкиот ранг се базира на 110 земји кои се вклучени во Извештајот од 2009 година. Во 2012 се додаваат уште 32 како резултат на достапноста до глобални податоци.
На дното од табелата е Централната Африканска Република која е рангирана како последна и во полето на претприемништво и можности, и претпоследна во полето на здравјето.