Владата на Република Македонија на денешната седница по итна постапка усвои предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, информираше денеска на прес конференција Гордана Јанкуловска, член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.
Според неа со овие измени се определува нов, дополнителен рок за поднесување на листи за кандидати за членови на Совет односно листа на кандидат за градоначалник за локалните избори кои ќе се одржат на 24 март, до 3 март(недела) заклучно со 00:00 часот.
Предлог- законот за измени и дополнувања на Изборниот законик, кој Владата веќе го усвои по итна постапка, исто така по итна постапка е испратен во Собранието на Република Македонија каде што треба да се одлучува по него.
„Нашиот предлог сега има законска форма, рече Јанкуловска, а по усвојувањето од Собранието ќе има и законска сила, односно ќе стане законска можност и ќе стапи на сила веднаш.