НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во македонското досие има повеќе проблеми, а не само името

0
By Светлана Јовановска on December 16, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ни и овој самит на Европската унија под италијанско претседателство нема да отвори преговори со Македонија, но овој пат на проблемот со името можат да му се додат и редица други забелешки кои ЕУ ги споменува во заклучоците што самитот треба да ги усвои во петок и кои денес добија печат од шефовите на европските дипломатии.

Како што НОВА објави вчера, ЕУ во идниот заклучок изразува “сериозна загриженост поради растечката политизација на државните институции и растечките недостатоци во однос на независноста на судството и слободата на медиумите”.

>> ЕУ самит: Остри критики на европските лидерите до Македонија

Ова денес го потврди и италијанскиот министер за надворешни работи Сандро Гози кој на пред конференција во Брисел изјави:

“Што повеќе властите во Скопје ги почитуваат стандардите, толку повеќе напредок ќе видиме. Ако има специфични прашања како што е случај со поранешната југоловенска република Македонија околу независноста на судството и слободата на медиумите, јасно е дека ова загрижува. Тоа се прашања на кои треба подобро да работиме заедно и да ги продлабочиме нашите дискусии затоа што ова се некои од фундаменталните стандарди кои властите во Скопје треба да ги почитуваат, рече Гози и додаде дека во македонското досие има повеќе проблеми одошто само прашањето со името.

Гози изјави дека брзината на доближувањето до ЕУ зависи од секоја држава која сама го бира патот а Македонија треба да се направи прогрес во правната држава, независноста на судството и слободата на медиумите, теми кои и понатаму се голема грижа за ЕУ.

Од Македонија се бара “брзо да превземе одлучна акција за решавање на овие проблеми”.

ЕУ смета дека “политичката криза помеѓу владата и опозицијата покажала потреба да поконструктивен и инклузивен политички дијалог” и додава дека одговорноста за тоа паѓа на владата и на опозицијата кои мораат да обезбедат политички дијалог кој треба да се води во Собранието.

За спорот со името е потребна “силна акција”: “Потребно е долгорочните дискусии за проблемот со името да бидат без одлагање доведени до конечен исход”, вели министерскиот заклучок на ЕУ.

Во доменот на добрососедските односи ЕУ бара исто така високите средби помеѓу Македонија и Бугарија да вродат со конкретни акции и резултати.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.