Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општинските административци од македонска националност ќе учат албански

0
By Нова ТВ on December 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 17, 2014 16:28

Македонците вработени во општина Тетово, ќе го изучуваат албанскиот јазик. Се работи за проект кој го спроведува локалната власт во соработка со британската амбасада и невладината организација АДИ.

Курсот ќе придонесе граѓаните да добиваат подобри услуги од администратицијата и кон нивната работа ќе се гледа со поголема доверба, смета градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

– Логиката наша е дека општинската администрација е во постојан дневен контакт со граѓаните а јазикот преставува момент на разбирање и е многу значаен во намалувањето на дистанцата помеѓу граѓаните и општинската администрација. Ние сме спремни и понатаму да инвестираме во подобрување на користење и на македонскиот јазик. Особено ни е значајно да спроведеме курсеви по англиски јазик, земајќи го предвид законот за административни работници, за кои англискиот јазик ќе биде обврска. Интересот за изучување на албанскиот јазик е голем, вели Арифи.

-На првиот час од курсот кој започна денеска, дојдени се сите 65 општински административци од македонска националност. Ова зборува за нивната сериозност кон работата и прифаќање на проeктот, додава Арифи.

Проектот ќе продолжи и во општините Гостивар, Кичево, Врапчиште, Брвеница и Јегуновце. Од невладината организација АДИ, велат дека целта на проектот е да се унапреди меѓуетничкиот дијалог и соработката помеѓу заедниците, како и признавање и почитување на различно етничко, религиозно и културно потекло на етникумите.

– Јас би сакал да ја нагласам потребата од поголем број на заеднички активности, преку кои припадниците од различните заедници, подобро би се запознале и зближиле, да има повеќе заеднички училишни и вон – училишни активности, заеднички посети на културно верски објекти и други активности за изучување на заедниците, вели Катица Михајловиќ од невладината организација АДИ.

Изучувањето на курсот по албански јазик е дел од стратегијата на општина Тетово, за подобрување на меѓукултурното разбирање, усвоена во јуни оваа година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ВЕСТИ June 6, 2026

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови…

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.