Педесет и едно годишниот Радован С. (41), од село Цветишница, синоќа се удавил во реката Длабочица обидувајќи се да ја помине.
Според првичните сознанија, тој заедно со Д.С од село Длабочица ја поминувале реката, но во тој момент надошло поголемо количество вода. Д.С успеал да излезе, додека Радован С. не успеал да се спаси од матните води на реката Длабочица.
Телото на починатиот е пронајдено денеска околу осум часот на оддалеченост од околу два километри од местото на настанот.
Радован е првата жртва од поплавите што ја зафатија цела држава.
Поради непристапноста на теренот на лице место се упатени специјални единици од Министертвото за внатрешни работи за да го извадат телото од реката.
Во следните 24 часа во Штип ќе нема вода за пиење бидејќи бунарите од водоводниот систем се поплавени, а пумпите се исклучени.
Исто така прекината ќе биде и наставата за учениците од пет основни и четири средни училишта во градот, одлучи Кризниот штаб.