НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Временото решение не го реши проблемот со матичен гинеколог во Шуто Оризари

0
By Менче Атанасова Точи on December 20, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Гинекологот кој еднаш неделно доаѓа во амбулантата во Шуто Оризари не го реши проблемот во оваа скопска населба со над 40 000 жители. Жените Ромки се уште немаат пристап до матичен гинеколог кој ќе ја следи нивната бременост и ќе им дава упати. Временото решение кое го понуди Министерството за здравство не им овозможува да прават ПАП тест, ниту анализи за вродени аномалии кај бебето. Јуксела Шабанова е во третиот месец од бременоста и вели дека би сакала да има матичен гинеколог во нејзиното место на живеење.

„Јас како бремена жена како и другите жени Ромки не можам да си дозволам да одам во друга општина за да си ги остварам моите права во текот на бременоста.Тоа се ЕХО прегледи, гинеколошки прегледи, разни анализи, што жените од супстандардни услуги како мене не можат да си ги дозволат да ги платат“, изјави Јуксела Шабанова од населбата Шуто Оризари.

Во оваа амбуланта во поликлиниката во Шуто Оризари се менуваат четворица гинеколози кои доаѓаат од болницата за гинекологија во Чаир. Амбулантата е отворена секоја среда од 9 до 14 часот. Но жените не се доволно информирани, ниту пак, заинтересирани бидејќи таму не можат да добијат услуги како кај матичен гинеколог.

„Во Шутка нема матичен гинеколог, а толку многу има млади и жени и баби што имаат потреба од гинеколог. Ја свој гинеколог имам, но има жени што не можат да си дозволат ниту такси , ниту автобус за да патуваат“, изјави жена од населбата.

Искуствата од терен покажуваат дека жените и понатаму патуваат во другите населби на матичен гинеколог, плаќаат за прегледите и ЕХО снимањата. Според истражувањата на ХЕРА од терен дури е 41 процент од жените Ромки изјавиле дека плаќаат од 150 до 500 денари за преглед, а само 15 проценти од нив биле посетени од патронажна сестра во текот на бременоста. Станува збор за невработени или социјално загрозени семејства.

Жените само за превоз плаќаат и се ограничени да посетуваат гинеколог. Населението е ранлива категорија од социјален апсект, се соочуваат со нерегуларни плаќања, изјави Салија Бекир Халими, параправничка и теренски работник.

Во средата кога ја посетивме ординацијата беше празна, без пациенти. Гинекологот и медицинската сестра ги чекаа пациентките, за кои велат дека дневно не се повеќе од 12-13. Ни го покажаа новиот ЕХО апарат и опрема, но не немаат можност да праќаат на анализи, да издаваат упати, рецепти и да следат бременост.

„Имаат проблем со документи немаат здравствено осигурување, а проблем е што еднаш неделно е малку гинеколог за ова население. Ние можеме да направиме обичен преглед и утразвук, значи тука треба да функционира матичен гинеколог, изјави за НОВА Ана Марија Шпишиќ, гинеколог од болницата за гинекологија и акушерство во Чаир.

Во здравствениот дом во Скопје објаснуваат дека ова е времено решение во ситуација кога нема заинтересирани гинеколози за да ја земат ординацијата под концесија. Од јули до сега 318 жени ја посетиле ординацијата. Директорката Татјана Баевска Вучковиќ смета дека во решавање на проблемот треба да учествува и заедницата.

Тоа е времена мерка на Министерството за здравство, ќе го продолжиме овој проект и наредната година, се до трајно решавање на проблемот, односно до закуп на ординацијата од матичен гинеколог. Со ромскиот медијатор имаме добра соработка и сме разговарале преку нивните проекти од заедница да се најде кадар што тие би го стимулирале за специјализација, но до сега немаме таква солуција, изјави Баевска Бучковиќ.

Од Министерството за здравство не одговорија како планираат да го решат проблемот и дали ќе понудат алтернативни можности за да го привлечат вниманието некој од гинеколозите да се заинтересира, со што жените во оваа населба ќе добијат здравствени услуги од матичен гинеколог, за да го зачуваат сопственото здравје и здравјето на нивните деца.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.