НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Преку програмите за воспитание и образование влијаеме на подобра социјална интеграција и личен развој на децата

0
By Blerina Tahiri on November 28, 2023 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на вториот состанок на советодавната група на РОМАКТЕД програмата. На отворањето на настанот покрај министерката Тренчевска се обратија и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и Марина Васиќ, Програмската менаџерка на Совет на Европа. На состанокот се потпиша меморандум за соработка за вклучување на децата Роми во предучилишното образование. Оваа година поддршка на Министерството за труд и социјална политика во инклузијата на деца Роми во предучилишното образование и воспитание е УНИЦЕФ. Настанот е во организација на РОМАКЕД и Институтот за истражување и анализа на политики.

Тренчевска на отворањето на состанокот истакна дека за неа од особена важност е децата да добиваат можности, особено децата од ранливите семејства кои изминатите децении биле надвор од системот на предучилишно образование.

„Проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, Министерството за труд и социјална политика го имплементира во соработка со Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта, Единиците на локална самоуправа и Јавните општински установи-детски градинки од 2006  година. Целта на овој  Проект е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, намалување на јазичните бариери, инклузија на децата и нивна социјализација, како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца. Во текот на овие 17 години од имплементацијата на Проектот беа вклучени бесплатно околу 5.000 деца од ромската етничка заедница во 20 општини. Токму затоа со денешното потпишување на трипартитните договори  се надеваме дека опфатот на деца Роми во предучилишното образование ќе се зголеми. Во интеграцијата на децата Роми во предучилишното образование оваа година наш главен партнер е УНИЦЕФ“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека во последниот Извештај за Прогресот на Република Македонија на Европската Комисија, овој Проект беше посочен како успешен модел за зголемување на нивото на образование кај ромската популација и посочи дека истиот има придонесено за зголемување на стапката на запишување на децата во прво одделение кое значително го подобрува развојот на децата Роми.

„Во ова Едно општество за сите ќе продолжиме да се залагаме ниту едно дете во нашата држава да не биде изоставено од системот на предучилишно воспитание и образование и секое дета да има еднаква шанса за исполнување на својот потенцијал“ рече Тренчевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.