НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деспотовски: Новата стратегија за странски инвестиции на опозицијата носи штета за македонските граѓани

0
By Blerina Tahiri on November 28, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како коментар на предизборната најава на ВМРО ДПМНЕ за пониски даноци за странски компании што ќе ги префрлат своите профитни центри во државата, вели ме чуди како сериозна политичка партија нема познавање на обврската која државата ја презела пред две години кон ОЕЦД, со која се приклучуваме кон голема група земји, современи пазарни економии кои имаат договор глобалниот данок на добивка да изнесува 15%.

-Во превод тоа значи дека ние можеме на странските компании да им дадеме овде да платат данок на добивка од 5%, но остатокот ќе мора да го платат во матичната земја. Од аспект на инвеститорите нема никаква придобивка. Со други зборови, според „стратегијата“ на ВМРО ДПМНЕ нашата држава треба да „брцне“ во џебот, односно во буџетот на држави како САД или некоја од европските земји кои ни се наши стратешки партнери. Ова е крајно погрешно и неодговорно и директно влијае на билатералните односи. Истовремено, тоа значи и помалку пари во буџетот на државата и граѓаните, бидејќи и постојните инвеститори ќе плаќаат помалку од сега, изјави Деспотовски, во интервју за централниот дневник на МТВ.

Според Деспотовски токму западните сојузници ги носат и најголемите странски инвеститори во С. Македонија, а позитивните ефекти за граѓаните во последните години се јасно видливи и мерливи.

-Ние повеќе не комуницираме дека Македонија е држава на евтина работна сила. Нашата порака е јасна дека трудот на трудот на работниците мора да се плати, па и оттаму имаме раст на платите. Ако во 2016 година просечната плата била околу 19.000 денари годинава очекуваме просечна нето плата од над 40.000 денари што е повеќе од двојно за само шест години. Бројот на работници во зоните се искачи на речиси 18.000 што е два и пол пати повеќе споредено со 6.500 во 2016 година. Исто така ако во 2016 година сме имале 650 милиони евра инвестиции сега сме на 2 милијарди постигнати инвестициски договори, рече Деспотовски.

Тој додаде и дека имаме континуиран раст на уплатите во буџетот од компаниите кој годинава се очекува да биде околу 70 милиони евра што е за седум пати повеќе споредено со периодот од пред шест години.

Деспотовски посочи и дека ТИРЗ вложува напори за влез на две македонски компании во зоните, но дека проблемот е што „имаме институции кои сè уште се придржуваат до политиките воспоставени пред 15 години, а кои имаат штетно влијание врз економијата и ние активно работиме тоа да го промениме“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.