Апсолутно сме во фаза каде што ќе се впрегнеме во припрема на изборните циклуси. Имаме лидер на партија којшто навистина е посветен на владините работи. Во партијата имаме генерален секретар кој е одличен оперативец и јас ја уверувам јавноста дека ќе излеземе како победници и на двата изборни циклуса, и на претседателски и на парламентарни избори, изјави пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски во неговото гостување на емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Тој додаде дека СДСМ ќе победи врз основа на дистинкцијата што се право во општеството.
„Ќе се дистинкцираат два политички блока. Одлично е тоа што Христијан Мицкоски излезе во ваше студио на емисијата и кажа дека е отворен за соработка со Димитар Апасиев. Одлично е што Апасиев утредента веќе потврди дека е тоа така. Љубовта меѓу овие две партии се манифестира како еден антиевропски блок. АнтиЕУ блок и еден ретрограден блок што сака изолација, да бидеме повторно скарани со Грците, со Бугарите, со Србите, Албанците. Секој со секого ќе биде скаран“, потенцираше Костовски.
Тој додаде дека од друга страна има блок којшто претендира да собере се прогресивно на политичката сцена во државата.
„Се работи за блок којшто сака интеграција во ЕУ, повисоки плати, пензии, бенефити, останување и живеење живот тука во Македонија“, заклучи Костовски.