НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: ДПМНЕ фатени како ги лажат пензионерите, со нив нема поголеми пензии за 5.000 денари

0
By Marta Pesevska on December 9, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДПМНЕ самите се фатија како сакаат да ги лажат пензионерите, велат од СДСМ.

Потпретседателката на ДПМНЕ, Гордана Димитриевска Кочовска, јавно на телевизија го повлече нивното ветување за зголемување на пензиите за 5.000 денари и додаде дека се однесувало на неколку наврати, па дури и на десет рати од по 500 денари.

Јасно беше уште кога го изнесоа ова лажно ветување, со ДПМНЕ нема поголеми пензии за 5.000 денари, сега само потврдија.

Пензионерите знаат дека покачувања на пензиите има со СДСМ и дека пензиите ќе продолжат да растат само со СДСМ. Вистински и реално. СДСМ веќе ги има зголемено пензиите и тоа за над 5.000 денари.

Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија.

Во бројки, во време на ДПМНЕ просечната пензија изнесувала 13.754 денари, или нешто над 200 евра. Во март оваа 2023 година, просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари, што е зголемување од околу 6.000 денари, односно 100 евра.

Минималната пензија, којашто во 2016 година во време на ДПМНЕ беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Односно, оттогаш до денес е покачена за над 4.000 денари.

За пензионерите со пониски пензии полесно да ги поминат зимските месеци, со повеќе пари во семејните буџети, антикризните мерки предивидуваат примателите на пензија до 14.000 денари да добијат финансиска поддршка од 15.000 денари за 5 месеци, по 3.000 денари месечно.

Пензионерите со пензии од 14.001 денари до 16.000 денари ќе добиваат финансиска поддршка од 2.000 денари месечно, за период од 5 месеци и примателите на пензија од 16.001 до 19.000 денари ќе добиваат финансиска поддршка од 1.500 денари месено во наредните 5 месеци. Ете тоа е вистинска грижа за пензионерите.

СДСМ обезбедува постојан, континуиран раст на пензиите за сите 336.000 пензионери и пензиите само со СДСМ можат да продолжат да растат, реално, издржано и значително.

ДПМНЕ пензионери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.