НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од следната година Министерството за транспорт и врски ќе поставува интелигентни транспортни системи на Коридор 10

0
By Vladanka Dimkovska on December 12, 2023 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски заедно со министрите за транспорт и инфрастуктура од земјите на Западен Балкан ја потпишале заедничката Декларација за имплементација на Интелигентни транспортни системи, соопштија денеска од Министерството за транспорт и врски.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски заедно со министрите за транспорт и инфрастуктура од земјите на Западен Балкан ја потпишале заедничката Декларација за имплементација на Интелигентни транспортни системи, соопштија денеска од Министерството за транспорт и врски.

Со Декларацијата, земјите од Западен Балкан се залагаат за воведување на интелигентни системи во железничкиот и патниот сообраќај на европските коридори, како предуслов за ефикасен транспорт.

Министерот Бочварски истакнал дека развојот и имплементацијата на Интелигентни транспортни системи се суштински развојот на транспортните мрежи по европски стандарди и нагласил дека патот на Северна Македонија во овој дел е целосно фокусиран на модернизација на Коридорите преку вакви ИТС системи.

На предлог на Министерството за транспорт и врски, се посочува во соопштението, Владата ја донесе Националната стратегија за Интелигентни транспортни системи 2023-2032 и во Националната стратегија се наведени целите за нивна имплементација во периодот до 2030 година.

– Првиот квартал од 2024 година очекувам да избереме изведувач и да започнеме со имплементација на ИТС системи долж Коридорот 10 и тоа од Велес до Граничен премин Богородица, а во втора фаза да се постават и од потегот од Велес кон граничниот премин Табановце. Ова вклучува поставување на системи за управување со сообраќајот и тоа знаци со променлива содржина, систем со камери за броење, систем за категоризација на возила, метеоролошки станици за следење на временските услови и регионален контролен центар за ИТС, изјавил министерот Бочварски, се вели во соопштението.

Како среднорочна цел предвидена е имплементација на ИТС и на Коридорот 8, како и делницата Тетово – обиколница Скопје – Миладиновци до Штип.

На панелот за ИТС системи во рамки на министерскиот совет, министерот Бочварски потенцирал дека воведување на вакви информатичко-комуникациски технологии во сообраќајот ќе придонесат за побезбеден, поефикасен и одржлив транспорт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.