„Токму сега стигнавме до момент кога секој треба точно да каже која е алтернативата, а не само да се слуша демагогија затоа што плашејќи се како што кажуваа постојано дека Бугарија ќе има постојано барање и дека постојано ќе не блокира. Сега Македонија се блокираше сама. Нема потреба да стравуваме дали ќе не блокира Бугарија или Холандија. Знаете дека има случувања во Брисел и она што е нотирано е дека скрининг процесот е завршен успешно, но дека уставните измени се предуслов за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ“, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во интервју на Телевизија 24.
Во однос на ставовите на ВМОР-ДПМНЕ, Кузеска направи хронологија и се врати на францускиот или европскиот предлог. Таа ја потсети јавноста дека во Собранието пратениците од ВМРО-ДПМНЕ седеа со маици на кои пишуваше „НЕ“ кога требаше да се гласа за францускиот предлог.
„Тие не присуствуваа во салата. Не гласаа ниту да ниту не. А позади тие маици со тој слоган вадеа луѓе на улица и заплашуваа со бугаризација и асимилација. Од европскиот предлог е помината една година и јас можам секого да го прашам дали сте сретнале Македонец којшто се бугаризирал. Сите овие небулози коишто ги правеа и друга хронологија ако се вратиме малку наназад за уставните измени имаше лидерска средба кадешто Христијан Мицкоски ги прифаќа уставните измени и не се буни на содржината и суштината на уставните измени, но поставува услов, однодно доколку ДУИ излезе од Влада“, потенцираше Кузеска.
Таа додаде дека не е вистина дека имаме конструктивна опозиција која учествувала во овој процес за влез во ЕУ, туку напротив има опозиција којашто константно се труди да го кочи овој процес и да не се изгласаат уставните измени и земјата да остане во ситуација каква што е.
„Наместо да имаме добри вести, има можност да не се одржи меѓувладина конференција и пак да се вратиме наназад“, заклучи Кузеска.