Соединетите Американски Држави посочија дека ќе ја поддржат ослабената резолуција на Советот за безбедност на ОН за повикување на поголема хуманитарна помош за Газа по една недела преговори и четири одложувања, но некои земји сакаат посилен текст кој ќе го вклучи сега елиминираниот повик за примирје.
Последниот нацрт ги отстранува повиците за „итен и одржлив прекин на непријателствата“, но со оглед на значајните промени, многу земји рекоа дека треба да се консултираат со нивните престолнини пред гласањето, што се очекува подоцна во текот на денот.
Последната нацрт-резолуција, сега повикува на „итни чекори за веднаш да се овозможи безбеден и непречен хуманитарен пристап, а исто така и за создавање услови за одржлив прекин на непријателствата“, јави Ал Џезира.